ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

June 29, 2025 10:27
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, СПОРТ
Фото: „Петровски Брадрс“

Фото: „Петровски Брадрс“

Share on FacebookShare on Twitter

Животната приказна на македонската фудбалска легенда Дарко Панчев наскоро ќе биде преточена на филмското платно. Станува збор за игран филм во кој ќе бидат прикажани сите најинтересни моменти од неговата кариера, но и од животот, неговите лични борби, успеси и падови. Самата филмска приказна треба да ја заинтересира пошироката публика, а не само пасионираните љубители на фудбалот.

МИА дојде до екслузивни информации дека на режисерското столче ќе застане македонскиот режисер Зоран Петровски, кој живее и работи во соседна Бугарија и кој во изминатите 20 години има работено на познати високобуџетни играни серии и телевизиски реклами, како и на многу меѓународни филмски и телевизиски продукции. Филмското деби на режисерот Петровски, е негов огромен мотив да се претстави со дело кое ќе ја освои пред се Европа и ќе прикаже убава позитивна приказна за нашата најголема фудбалска легенда која го освои светот.

На сценариото ќе работи Ѓорѓе Милиќевиќ, кој по потекло е од Србија, но повеќе од 60 години живее и работи во Њујорк и Лос Анџелес. Изборот Милиќевиќ да го работи сценариото не е случаен имајќи предвид дека тој е еден од сценаристите на една од најпознатите фудбалски стории, филмот „Victory” (Бегство кон Победа) во кој играат големите филмски имиња како Силвестер Сталоне, Мајкл Кејн, Макс фон Сидоф, но и едно од најголемите фудбалски имиња на сите времиња, Пеле.

– Филмот во никој случај нема да претставува само документарна биографија, туку ќе биде вистинска холивудска приказна во која ќе има моменти за кои малкуминаа знаат, а самата приказна треба да ја заинтересира поширока пубилика, а не само пасионираните љубители на фудбалот. Оваа приказна излегува од досегашните македонски филмски стории и има за цел да ја прикаже Македонија во едно позитивно светло. Самата сторија треба да биде поттик за многу идни млади генерации дека во спортот со талент и напорна работа нема недостижни врвови, дека дете од Скопје кое потекнува од просечно работничко семејство успева да го достигне Европскиот и Светскиот фудбалски врв, велат од продукцијата „Петровски Брадрс“ од Скопје.

Ќе се снима на локации во Македонија, Србија и Италија

Продукцијата „Петровски Брадрс“ веќе има потпишано ексклузивен договор со Дарко Панчев за екранизација на неговата животната сторија на филмското платно.

Оттаму за МИА откриваат дека во текот на подготвителниот период ќе бидат организирани кастинзи и избор на локации на територија на државава, како и во Србија и во Италија, земји во кои Панчев ја градеше својата кариера.

Во моментот во тек се преговори за медиумски партнери и спонзори кои ја препознаваат важноста и големината на проектотот и се подготвени да застанат зад истиот.

–  Мене ми се допадна идејата, ја прифатив и дадов максимална поддршка. Секоја спортска приказна е убава приказна и се надевам дека филмот ќе биде направен како што треба и ќе биде интересен за гледачите. Јас од моја страна колку можам да помогнам во реализација на филмот, сигурно дека ќе се потрудам да помогнам. Екипата е одлична и тоа е гаранција дека филмот ќе биде добар, вели најголемата фудбалска ѕвезда во земјава Дарко Панчев за проектот на продукциската куќа „Петровски Брадрс“.

Панчев во изјава за МИА оценува дека со филмот не само што ќе биде промовирана државата, туку ќе се испрати и порака дека во оваа држава имало и ќе има луѓе кои заслужуваат внимание.

– Добро е за нашата држава да има еден ваков спортски филм, затоа што тоа ќе биде реклама и за Македонија и порака дека и во оваа држава имало, има и ќе има луѓе кои заслужуваат внимание не само од нашата јавност, туку и од пошироката европска јавност. Во тој контекст, сакам да нагласам дека се работи навистина за една убава идеја, нагласува Панчев.

Панчев е најголемото фудбалско име во поранешна Југославија и во Европа во тоа време, како и најдобар фудбалер кој земјава го имала. Тој е најголемата македонската фудбалска легенда, освојувач на Купот на шампионите и Интерконтиненталниот купи и на Златната Копачка.

Билјана Анастасова-Костиќ / МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Дарко Панчевфилм
Next Post
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

НАЈНОВО

НБ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање

October 2, 2025

Откриени нови органски молекули во гејзерите на сатурновата месечина Енцеладус

October 2, 2025
Скриншот

Најмалку 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Холивуд со жестоки реакции за „актерката“ создадена со вештачка интелигенција Тили Норвуд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Се грижиме да го подобриме квалитетот на домашното високо образование

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Митева: ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза врз Луна Стефаноска и ги повикуваме организациите за женските права, политичките партии, Хелсиншкиот комитет и сите здруженија, да го осудат говорот на омраза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk