ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Кривична пријава против три лица за нелегална сеча и нанесена штета на ЈУ Национален парк Маврово

June 30, 2025 13:53
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.И.(40) од општина Маврово и Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, Г.А. (44) од с. Ниќифорово, раководител на Одделение за одржливо користење во ЈУ Национален парк Маврово, и А.Б. (54) од Гостивар, вработен во Министерството за шумарство и земјоделство, за сторени две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ на штета на ЈУ Национален парк Маврово.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во текот на март и април 2025 година, првопријавениот ги пречекорил  своите службени овластувања, така што со третопријавениот усно договорил вршење  нелегална сеча на техничко дрво – ела во ЈУ Национален парк Маврово, на место викано „Брана“, а за вонреден инспекциски надзор за наведената сеча бил задолжен второпријавениот.

-Првопријавениот најпрво испратил барање до Државен инспекторат за шумарство и ловство, упатено до третопријавениот во кое побарал да биде извршена сеча на наведената локација за наводно оштетени стебла од дрво – ела, оштетени од атмосферски влијанија. Првопријавениот со повреда на законските прописи и со пропуштање на должен надзор врз второпријавениот овозможил да се изврши пустошење на заштитена шума во Националниот парк Маврово, без претходно се објави оглас за сечата за таа дабиде јавна и транспарентна, наведува МВР во соопштение.

Од страна на третопријавениот е наведено да се изврши ознака и сеча, а според извршеното мерење вкупната дрвна маса од сите три оддели требало да изнесува 403 кубни метри дрво ела и 55 кубни метри дрво бука, што не соодветствува со реалната и фактичката состојба подоцна утврдена на самото  место.

-Второпријавениот со повреда на законските прописи овозможил да се врши пустошење на заштитена шума во Национален парк Маврово и согласно спецификација од Шумска полиција Гостивар, сечата е извршена само во одделот 67а, каде исечени се вкупно 858.75 кубни метри повеќе кубатура од предвиденото. Третопријавениот на 10 март 2025 година изготвил записник за извршен инспекциски надзор и Решение во кои внел лажни и невистинити податоци. На овој начин пријавените, се стекнале со противправна имотна корист  од извршената нелегална сеча, се до продажба на дрвната маса на претходно договорени купувачи, на штета на ЈУ Национален парк Маврово во износ од 3.005.625 денари, информира МВР.

Next Post
Андреј Жерновски. Фото: ФБ

Мицкоски да одговори кои претставници од владата го застапуваат проектот „српски свет“

Најново

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

Санчез за заканите од Пентагон: Шпанија останува во НАТО, подршка од Италија и Германија

April 25, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk