ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Кошта: Покрај кандидатите за членство, реформи мора да спроведе и ЕУ

July 2, 2025 15:39
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако сакаме да ја градиме Европската Унија како „мултифункционална зграда“, тогаш паралелно со реформите што ги преземаат земјите кандидатки за членство при процесот на проширување, мора да се извршат и внатрешни реформи во рамките на институциите на ЕУ за да се обезбеди нејзино прилагодување, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во интервју за португалската агенција Луса.

– Ако во иднина сакаме да се движиме во нови области, природно е оваа мултифункционалност да продолжи да се развива во рамките на Унијата. Тоа е прашање кое неизбежно ќе биде дел од претстојните дебати, вели Кошта во интервјуто по повод истекот на шест месеци од неговото преземање на должноста.

Според Кошта, Самитот на НАТО во Хаг, одржан минатата недела, ги разрешил сомнежите околу иднината на Алијансата.

– По неколку месеци во кои имаше сомнежи дали Трансатлантскиот сојуз ќе преживее, сите партнери изразија желба да останат обединети, да ги зајакнат односите и се согласија за нови цели за зајакнување на Алијансата, која, се додека не се докаже спротивното, останува најефикасната колективна одбранбена сила на глобално ниво, вели Кошта.

Тој оценува дека договорот постигнат на Самитот на НАТО за зголемување на одбранбените трошоци може да има „позитивно влијание“ и врз трговските преговори меѓу ЕУ и САД, за кои се надева дека ќе завршат „брзо и успешно“.

– Очигледно е дека договорот што Европејците го постигнаа со Американците во рамките на НАТО, може само позитивно да влијае на трговските преговори. Дури би рекол дека логична последица од договорот постигнат во НАТО ќе биде позитивен ефект врз трговските преговори, смета Кошта.

Според него, овие преговори би требало да завршат што побрзо и да ги разјаснат работите, бидејќи нивното пролонгирање само ја продолжува неизвесноста.

– Она што ќе го договориме треба да биде позитивно и за двете страни или барем најмалку негативно можно и за двете, нагласува Кошта.

Кога станува збор за зголемувањето на инвестициите во одбраната, според Кошта, мора да се води сметка и за „зачувување на социјалната држава“, бидејќи во спротивно тоа би довело до „колективно самоубиство“ на ЕУ.

– Оние кои нудат избор помеѓу социјалната држава и трошењето за одбрана, всушност предлагаат колективно самоубиство, бидејќи никој не може да се мобилизира за одбраната, ако не биде заштитен неговиот начин на живот. А она што го дефинира нашиот европски начин на живот е токму постоењето на силна социјална држава, вели Кошта.

Според него, одбраната не е само трошење за одбранбени потреби, туку и мобилизација на општеството за тоа да може да се одбрани себе си и своите вредности.

Кога станува збор за европската безбедност, според Кошта, ЕУ мора да продолжи да врши притисок врз Кремљ, бидејќи, како што нагласува, „нема индиции“ дека Русија е подготвена да преговара за прекин на огнот и мир во Украина.

– Русија го отфрли прекинот на огнот, Русија одби да учествува во преговори на високо ниво и всушност, Русија ги интензивираше своите напади врз Украина. Со тоа, се чини дека Русија не е склона да преговара за мир, наведува Кошта.

Според него, мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп „не наишле на никаков одговор од руска страна, па затоа ЕУ мора „не само да продолжи да ја поддржува Украина, туку и да го зголеми притисокот врз Русија“, вклучително и со нов пакет санкции.

– Притисокот мора да биде глобален за да биде ефикасен, заклучува Кошта во интервјуто за агенцијата Луса, која како и МИА е дел од Европската новинска редакција (ЕНР).

Tags: ЕУкандидати за членствоКошта
Next Post

ЕК предлага намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 за 90 отсто

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk