ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

July 4, 2025 13:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз. Кратат од субвенции за земјоделците, лозарите, оризопроизводителите, пчеларите, сточарите – за владата да се луксузира со манго и папаја! Во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци – за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака – власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, добиваат игнорирање. Наместо интервенција, добиваат кратење. Владата, која ветуваше “грижа за селото”, денес го гази токму тој најважен столб на економијата, изјави на прес-конференција пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.

„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство.

Предлагаме:

Враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите;

Зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024;

Интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед;

Поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица;

Мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети;

Враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне;

Итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.

СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратеше од земјоделците – напротив, интервениравме со дополнителни субвенции, закони и програми. Денес, кога земјоделците повторно се во криза, единствениот одговор на ВМРО-ДПМНЕ е кратење и игнорирање.

Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика!

СДСМ е на страна на земјоделците и бара поддршка од сите пратеници за овие амандмани!“, истакна Николовски.

 

Tags: земјоделствоНиколовски
Next Post

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk