ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петрушевски: Да не се злоупотребува трагедијата од Кочани, ќе има институционална и системска поддршка и сите потреби ќе бидат обезбедени од државата

July 8, 2025 06:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ каде што истакна дека преку програми и преку министерствата ќе има системска поддршка за Кочани и сите потреби и помош којашто ќе биде потребна ќе биде обезбедена од државата.

„Со програмите коишто се во рамки на сите министерства, ќе имаме системска поддршка на граѓаните од Кочани не зборуваме за ад хок политичка поддршка којашто значи собирање на дневно политички поени врз туѓа несреќа, како што го прави тоа опозицијата. Се спомнува лицемерие, знаете што е лицемерие, лицемерие е да сте министер во Влада во којашто ви се случува живи луѓе да изгорат во модуларната болница во Тетово и да не покажете никаква грижа за тие семејства. Па зарем тие луѓе не заслужиле тогашна поддршка од владата и истата ваква грижа од овие, лица коишто тогаш биле на високо раководни позиции во владата да ја покажат и тогаш како што сега се обидуваат да ја прикажат. Е тоа е лицемерие, овде не зборуваме ние за лицемерие зборуваме за континуирана поддршка. Целата јавност беше сведок на брзата реакција на државата веднаш откако се случи оваа несреќа којашто морам да потенцирам е резултат на лош изграден систем изминатите години во кој систем учествувале и овие личности коишто денеска се пратеници а претходно биле министри“ кажа Петрушевски и додаде:

„Сите повредени беа згрижени во странство со што се овозможи минимизирање на човечки жртви, добија најквалитетна здравствена нега во држави во коишто има таква најсофистицирана здравствена нега, тоа државата веднаш го направи. Сега се работи преку програми на Владата, во делот на Министерството за здравство, реновирање на болницата, во делот на Фондот за здравствено осигурување, каде што ќе се згрижат тие луѓе за рехабилитација во делот на одморалиштето во Пониква коешто се реконструира, и сите оние потреби коишто овие лица ги имаат, Владата е во комуникација, ги слушаме овие луѓе и сите нивни потреби ќе бидат реализирани во согласност со постојаниот буџет и со програмите коишто ги имаме во министерствата и нема потреба од политиканството што го прават СДСМ. Нека не се грижи опозицијата, ние не сме како нив, нема да ги оставиме овие граѓани како што тие ги оставија семејствата од модуларната болница, од Ласкарци, од Беса Транс ние нема да покажеме таква бесчувствителност како што покажуваа тие изминатите 7 години и сите нивни потреби ќе бидат задоволени и секоја помош којa што ќе им биде потребна ќе биде обезбедена од државата. Кочани ќе остане врвен приоритет на оваа влада и ќе има инвестиции во таа општина“ посочи Петрушевски.

Петрушевски посочи да не се прави злоупотреби од страна на опозицијата со трагедијата од Кочани.

„Да не се злоупотребува трагедијата од Кочани за личен пи-ар. Мора да ги почитуваме тие семејства, мора да ја почитуваме тагата и несреќата на тие семејства и не сакаме тоа да биде политички пи-ар. Битно е да има комуникација со тие семејства и  има, битно е да им се излегува во пресрет на потребите на тие семејства и тоа владата го прави“ заклучи Петрушевски.

Tags: ВладаКочаниПетрушевски
Next Post
Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Четириесет организации од Европа бараат охридскиот регион да се впише во листата на светски наследства во опасност

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk