ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025 09:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ

Кога нашиот премиер Христијан Мицкоски размислува секогаш паѓаат генијални идеи. Кога, пак, претскажува големи потфати без да размислува, тие се уште подобри, би рекол ингениозни и историски кои остануваат во колективното памтење. За неки негови визии за иднината на Македонија тешко е простосмртен човек со скромен умствен капацитет да одреди дали се само еднодневно генијални, или пак вековно историски.

Во секој случај најдобро е веднаш да се прифатат без размислување, оти човекот не греши, тој е „екстрат на македонската мудрост кој се раѓа еднаш на илјада години“, како што беше кажал еден наш голем режисер за неговиот претходник и намесник Никола Груевски. Но, што да се прави кога само за триесетина години добивме повеќе чист екстрат на политичари  кои ја водат државата и кои се раѓаат еднаш на илјада години. Резулатите се чудесни, од многу генијалци на мал простор се удавивме во екстрат на мудрост.

Така, деновиве, откако ја чув последната негова мудрост како во владата размислувале да воведат дополнителен данок за ергените, весело си ја потпевнувам „Ерген одев мајко, поарно ми беше, падна ми се влада болникава, од умот поизгубена“.

Откако му соопштиле на премиерот дека во татковината годишно 4.000 луѓе повеќе умираат отколку што се раѓаат деца, веднаш седнал да размислува како да ја спаси нацијата. И оп, еве математички точно решение на равенката со три непознати. Спасот е откриен во данок, логично следува казна, брз удар по џепот на ергенлакот и беќарството. Себичните што не сакаат да прават и да раѓаат деца за тоа задоволство има да платат „глоба“ на државата. Мора да признаете дека навистина, како и за многу генијални откритија, решението е едноставно.

Да се забрани абортусот за пожестока дебата

Многу цареви, диктатори и големи патриоти дошле до исти откритија уште од средниот век, па сѐ до денес,  да го спасат својот народ од исчезнување со даноци за беќари. Ако продолжи Мицкоски да размислува на оваа тема и по нешто да прочита за идеите на неговите претходници и истомисленици, брзо ќе открие дека има уште многу прекрасни веќе применети идеи повеќе деца да се раѓаат отколку што умираат граѓани.

Така, на пример, многу е податлива идејата да се забрани абортусот. Па нели и американскиот претседател Доналд Трамп, нашиот голем пријател имаше таква идеја. Треба само да му кажат  соработниците колку абортуса годишно има во Македонија. Идејата може да биде примамлива за голема сенародна дебата.

Не така одамна неговиот партиски претходник имаше сериозен обид да се воведат награди и стимулации за трето дете. Штета што не успеа стимулацијата за сиротинска забава за рано легнување, па наместо вечера правење на трето дете. Не е лоша и веќе испробаната доктрина од поранешната Југославија на секое девето дете лично да му биде кум Мицкоски, само ќе има потреба од мала уставна промена да биде назначен за доживотен премиер за да има време да се исполнат условите.

Може и малку да се ублажи критериумот да не бидат девет деца, доволни се пет. За семејствата што ќе имаат пето дете кумот Мицкоски да го одврзе ќесето, мислам буџетот, и да им обезбеди „збогум сиромаштијо“. Следува стан, куќа, а за секое дете повеќе од две, по илјада евра месечен надомест со одлука лично на кумот. Едно време тоа се викаше детски додаток. За седмото дете може да биде кума и претседателката на државата. Таа има креативни идеи за давање имиња.

Данок на богатство ако не ги засега тие што одлучуваат

Ако продожи владата со колективно размислување многу изгледно е дека ќе им текне дека парите можат да се обезбедат со прогресивен данок на луксуз и на богатство. Се разбира, ако не ги засега тие што одлучуваат. Ако пак ги засега, тогаш ништо.

На пример, тие што имаат јахти, повеќе станови и куќи, злато, возен парк со бесни коли, големи имоти, стотици милиони во евра и долари да бидат ригорозно оданочени соодветно на светските норми. Замислете, илјадниците коцкарници, колку што ги има во Македонија, да плаќаат барем трипати повисок данок на милионите евра ќарени во „легален“ комар кои  завршуваат во странство и во домашни џепови. Или, пак, да бидат вратени барем десет отсто од она што е украдено од граѓаните и од државната каса.,И ете ти пари колку сакаш. Има да се раѓаат деца како пилиња  во инкубатор. Останува само да се измисли доктрина како сите овие стимулации да важат само за еден народ, другите и онака ги има премногу.

Има уште многу идеи да се подобри наталитетот, само еден мал проблем ја кочи работата. Многумина од тие што имаат деца и тие што можат да прават и да раѓаат деца не се тука. Оправдано се отсутни. Избегале и уште бегаат од бедата, понижувањата, од неправдите и неспособните политичари и умислени и алчни државници. Откако стаса подарената независност и слобода без испукан куршум младите масовно си заминуваат од татковината на голема радост на тие што си одат и на тие што остануваат.

Да им ја оставиме оваа пародија на писателите и драматурзите, можат да направат добра трагикомедија од бисерите на нашите политичари најзаслужни за најдолгата и најмачна транзиција.

Ќе мора почесто да се извинува

Сепак „добрата“ вест е што премиерот Христијан Мицкоски се откажа од својата генијална идеја со оправдување дека сакал да отвори дебата изразувајќи голема загриженост за демографската рецесија, како што вели, само во последните години, а не во изминатите три децении и повеќе, каква што е реалноста. Мицкоски итарпејовски се извини на сите што погрешно сме ја  разбрале неговата иницијатива. Се разбира, тоа го кажал поради тоа што е исклучително загрижен за демографската иднина на неговата, а не на нашата држава. Така тој во своите изјави вели, „мојата татковина“, „мојот народ“.

Еве и јас да му се извинам на премиерот Мицкоски што погрешно сум го разбрал, иако ја делиме загриженоста за она што се случува во пензионерскиот дом Македонија, каде биолошките закони оневозможуваат раѓање на повеќе деца. И уште едно извинување што погрешно разбрав дека оваа идеја за демографска дебата за оданочување на неженети и немажени била да се сврти вниманието на јавноста во друга насока по оној дебакл да се направи од готово вересија, со признавање на одамна признат македонски јазик и од лингвистичката наука, и од ЕУ и од Обединетите нации.

Не знам колку долго размислувал да го стави македонскиот јазик на рулет за да добие уште поголема изборна победа на комуналните избори. Исто било, како што кажа, да се стави „современ,“ или „модерен“ македонски јазик со тоа да се избрше македонски јазик. Ова заслужува длабоко извинување за научните експерименти на Мицкоски.

Пред да одлучи премиерот јавно да ги соопштува неговите размислувања би било добро да се консултира и со луѓе кои ги знаат овие работи многу добро наместо со неговите климоглавци. Премиерот не мора се да знае, ама треба да знае кој знае и да праша. Вака, сѐ почесто ќе мора да се извинува, убеден дека со тоа ќе ја избрише одговорноста за вистинската намера, свртувајќи го вниманието на јавноста со непотребна дебата. Стана лесно читлив. Лагите му се со сѐ покуси нозе.

Решението е во изградба на просперитена држава и обезбедување квалитетн живот на граѓаните. Е, тоа е многу потешко од патриотски вознеси и предизборни пропаганди.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Независен
Next Post

Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk