ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025 23:17
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија, која ги преживеа балканските војни од 90-тите години на минатиот век без масовно насилство и во која живеат различни луѓе и различни етнички и религиски групи кои успеа да изградат мирно општество, некогаш беше предводник во регионот, кога пред 20 години заедно со Словенија го започнаа пристапниот процес кон ЕУ, изјави вечерва австрискиот европратеник Томас Вајц во обраќањето пред Европскиот парламент во текот на дебата за Неговиот извештај за земјава за 2023 и 2024 година.

– Каде е Словенија денес, а што се случи со Северна Македонија? Па, имаше некои пречки на патот. Пречки поврзани со историјата, пречки поврзани со војните од минатиот век, пречки со начинот на градење добри билатерални односи со соседите. Но, добрососедските односи секогаш треба да се градат од двете страни, тоа е многу јасно, додаде Вајц.

Тој нагласи дека иако земјава веќе 20 години е на европскиот пристапен пат и имплементираше доста значаен дел од европското законодавството, таа, иако требаше, се уште формално ги нема започнато преговорите за членство во ЕУ.

– Ако ги погледнете како партнери на Европската Унија, тие се наш доверлив партнер. Ја споделуваат нашата заедничка надворешна и безбедносна политика сто отсто, се приклучија кон НАТО, се придружија на заедничките напори што ги имаме во Европската Унија. Денес, кога ние Европејците сфаќаме оти треба сами да ја браниме нашата судбина и дека ние Европејците треба да стоиме заедно во светлината на она што се случува глобално, мислам дека треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес на Северна Македонија, рече австрискиот европратеник

Вајц нагласи дека Извештајот дава целосна слика за тоа каде се наоѓа земјата и во него се поздравуваат некои достигнување, но се бараат и реформи, и се зборува за говорот на омраза, за злосторствата од омраза, за потребата од владеење на правото, борба против корупцијата и не само за усвојување на закони, туку и за резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните.

– Во извештајот многу се зборува за уставните измени, што се бараат за да може да започнат пристапните преговори. Уставни измени што вклучуваат и други малцинства во Уставот, меѓу кои и бугарското, рече Вајц.

Тој потенцира дека во документот се говори и за економската состојба, која, како што рече, има позитивни страни, но и недостатоци, како и за недоволното искористување на поддршката што доаѓа од Европската Унија, во услови кога за земјата е многу важно да инвестира во стручни кадри и да ги задржи оние кои покажаа дека умеат.

– Таа земја е полна со неверојатно природно наследство, планини, езера, културни знаменитости, но за жал, земјата е исто така полна со отпад, нелегални депонии и загадување. Да, има подобрување на ситуацијата, но сепак има и многу да се направи, заклучи Вајц.

Тој истакна дека граѓанското општество во земјава има услови за работа, но дека е видливо и странско влијание против кое мора да се бори, без разлика дали е тоа руско, кинеско, саудиско, српско или од каде и да е, бидејќи луѓето треба сами да одлучат за својата судбина. Во тој, контекст, според него во документот се говори и за медиумите, за потребата од транспарентност во сопственоста на медиумите, како за потенцијалот што го има земјата.

-Овој Извештај претставува важен чекор кон пристапувањето во ЕУ и се надевам дека утре на гласањето ќе го поддржат многумина од вас. Ќе го поддржат пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија или барем следниот чекор што можеме да го направиме на конструктивен, заедничка и проевропски начин, додаде Вајц.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВајцЕПЕУИзвештај
Next Post

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

НАЈНОВО

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk