ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека Мицкоски бил на партиска трибина додека беснеат пожари, обвинува и медиуми, велат – премиерот закасни на трибината

July 10, 2025 10:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово. Фото: ФБ профил од Мицкоски, 9 јули

Партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово. Фото: ФБ профил од Мицкоски, 9 јули

– Мицкоски секојдневно потврдува дека не го интересира здравјето и безбедноста на граѓаните, го интересира само партијата и бесполезните партиски трибини. На вчерашниот црн ден во кој две лица ги загубија животите во пожарите, а институциите целосно потфрлија во управување со кризата, Мицкоски реши да си држи партиски трибини наместо да ја мобилизира целата влада за справување со кризата, соопштуваат од СДСМ.

„Минатата година, во која изгореа 10% од државата, Мицкоски одеше и сечеше ленти на проекти на СДСМ, а сега ја тера партиската агенда додека неговите институции целосно потфрлаат и граѓаните се оставени сами на себе. Неговата единствена цел е да прикаже дека сè е во ред со државата, а граѓаните гледаат дека состојбата е целосно излезена од контрола. ВМРО-ДПМНЕ било и секогаш ќе биде заинтересирано само за власта, за партијата, а никогаш за граѓаните и нивните потреби. Секогаш сопствените интереси пред државните и секогаш личниот рејтинг пред одговорното управување со институциите“, се наведува во соопштението од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ демантираат и ги обвинуваат и медиумите за неточно и тенденциозно информирање, иако потврдуваат дека Мицкоски бил на трибина во Куманово, но како што велат со закаснување.

Партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово. Фото: ФБ профил од Мицкоски, 9 јули

„Категорично ги отфрламе пишувањата на некои портали како неточни и тенденциозни, дека премиерот Мицкоски наводно бил на партиска трибина, додека државата се соочува со пожари

Во врска со написите во неколку интернет портали дека премиерот Мицкоски наводно бил на партиска трибина додека државата се соочува со пожари, категорично ги отфрламе ваквите неточни и тенденциозни тврдења.

Вистината е следна:

– Кризниот штаб заседаваше вечерта, како што беше најавено, под раководство на премиерот Христијан Мицкоски.

–  Премиерот пристигна на трибината во Куманово со задоцнување, токму поради претходната обврска со Кризниот штаб.

– За одлуките на кризниот штаб информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Пожарите се сериозен предизвик и Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, заедно со сите надлежни институции – Армијата, Полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување и ЦУК – се целосно мобилизирани и се постојано на терен. Премиерот е директно вклучен во управувањето со кризата и лично им изрази благодарност на сите ангажирани служби.

Објавувањето на дезинформации во моменти кога државата се бори со сериозни природни непогоди е не само неетички, туку и штетно за моралот на луѓето што се борат на првата линија.

Ги повикуваме медиумите на професионално и точно информирање. Наместо евтини сензации, на Македонија ѝ треба одговорност и обединетост“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕМицкоски
Next Post

GEA: Застапеноста на жените во извршната власт е речиси симболична - Каде се жените во политиката?

НАЈНОВО

Пукање во училиште во Минеаполис, тројца загинати, дваесет повредени

August 28, 2025

Скопје, Тетово и Куманово први ќе го искусат проектот „Безбеден град“

August 28, 2025

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk