ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Мнозинството ги одбива сите законски предлози на опозицијата, вклучително и сопствените ветувања од изборите

July 10, 2025 13:23
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

Во првата година од мандатот на актуелниот состав на Собранието, пратениците од опозицијата поднесоа десетици законски предлози кои беа од интерес на државата и граѓаните, но сите беа одбиени од страна на пратениците на мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ. Ова го истакна пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, од собраниската говорница.

– Во ова една година мандат поднесовме десетици закони кои беа од интерес на државата и граѓаните, меѓутоа ниеден предлог од опозицијата не беше прифатен, нагласи Митрески.

Тој додаде дека бидејќи власта одбива да прифати закони предложени од опозицијата, СДСМ ги подготвува законските решенија кои содржат ветувања од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ – „1198“, со која оваа партија победи на изборите.

– Ова што го гледаме во првите две гласања е јасен показател дека пратениците на мнозинството не го почитуваат она што сами го напишале и ветиле во изборната програма. Како што рече и Мицкоски, оваа платформа е клучна за реализација на визијата за подобро општество кое им служи на граѓаните, политички план што се темели на модерен пристап кон управувањето со ресурсите и создавање услови за економски развој, посочи Митрески.

Во конкретниот случај, пратеничката група на СДСМ предложи закон според кој фирмите ќе бидат ослободени од плаќање личен доход за период од една година за лица што најмалку една година живееле во странство – мерка што е дел од програмата „Добредојдовте дома“ на ВМРО-ДПМНЕ, насочена кон враќање на дијаспората.

– Поднесовме закон согласно она што вие самите сте го ветиле во вашата програма. Јас ве повикувам да го поддржите овој предлог, а доколку тоа не го направите, јасно е дека вашата програма била само предизборен трик, или – преведено – лага, изјави Митрески.

Пратениците од СДСМ укажаа дека мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ воопшто не сака да ги слушне и гласа законите што самите ги ветиле пред граѓаните.

– За првпат во македонската парламентарна демократија една партија јавно ги лаже граѓаните, бидејќи не гласа закони кои сами ги ветиле. Ова не е забележано до сега во Собранието. Тие ги одбија сите законски предлози без никакво образложение, но ние ве повикуваме барем еден да го прифатите, а другите ќе ги повлечеме, рече Митрески.

Во меѓувреме, пратеникот Елми Азири од Алијансата за Албанците реагираше дека Собранието, под раководство на претседателот Африм Гаши, намерно дозволува дискриминација и кршење на законот за употреба на албанскиот јазик. Тој посочи дека во некои случаи материјалите се доставуваат само на македонски јазик, што е спротивно на законската рамка.

– Добивме материјали само на македонски јазик, што е непочитување на деловникот, законот за употреба на јазиците и Уставот на Република Македонија. Ова не ѝ прави услуга ниту на Македонија, ниту на Собранието, ниту на иднината. Ја создава лажната декларативна тенденција дека Северна Македонија ги прифаќа вредностите на Европската унија, истакна Азири.

Исто така, на дневен ред беше и интерпелацијата поднесена од пратениците на Европскиот фронт за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Пратениците нагласија дека целта на иницијативата не е притисок врз Судот, туку отворање институционална дебата за неговото функционирање и почитувањето на Уставот и законите.

Дестан Јонузи

Tags: АзириМитрескиСобрание
Next Post

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, ОЈО побара притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk