ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Законските измени за линеарно покачување на пензиите по скратена постапка во Собранието

July 24, 2025 14:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Собранието денеска во рамки на 63. седница на натамошно читање ги проследи измените и дополнувањата на Законот за пензинско и инвладиско осигурување, со што ќе се овозможи линеарно покачување на пензиите. Измените се носат по скратена постапка, така што Собранието ја задолжи Комисијата за социјална политика демографија и млади како матично работно тело и Законодавно-правната комисија да расправаат по овој закон.

На дневен ред на оваа седница беа додадени и предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување и на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, кои се носат исто така по скратена постапка и се дадени на натамошно читање.

Со Предлогот на законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предвидува местото за поднесување на барањето за остварување на право на пензиско и инвалидско осигурување да биде местото на живеење на осигуреникот и се обезбедува соодветно усогласување на пензиите. Пред пратениците го образложи заменик министерот Ѓоко Велковски, кој кажа дека тој се носи во скратена постапка за да можат на 1 септември пензинерите да земат поголеми пензии.

Како што се посочува во законот, сите видови пензии, кои се исплаќаат во земјава, на 1 септември 2025 година и на 1 март 2026 година се усогласуваат на начин што вкупниот месечен износ добиен од процентот за зголемување на пензиите пресметан како збир од 50 отсто на порастот на индексот на трошоците на живот и 50 отсто на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во претходното полугодие во
однос на полугодието што му претходи, објавени од Државниот завод за статистика, се дели со вкупниот број корисници на пензија кои правото на пензија го оствариле заклучно со 31 август 2025 година, односно 28 февруари 2026 година. Пензиите ќе се зголемат за 2000 денари.

Предлогот за измени на Законот за здравственото осигурување, како што кажа пратеникот Петар Марков, кој е еден од предлагачите на законот, предвидува директна управно-судска контрола на првостепените акти на Фондот за здравствено осигурување.

-На овој начин ќе се овозможи Фондот да биде тужен орган во управно судската постапка, осигурениците во својство на тужители во контрадикторно- судска постапка да ги остаруваат своите права. Ова е особено значајно затоа што во судската постапка може да се изведуваат вештачења како доказни средства, што не е случај во второстепената управна постапка, и на тој начин одлучувањата за правата на осигурениците ќе бидат на брз и ефикасен начин со правосилни и извршни судски одлуки, рече Марков.

Дополнително во предлог законското решение е предвидено одлуката по управниот спор да се донесе во рок од 30 дена, што ќе значи ефикасна и ефективна постапка во остварувањето на овие права.

Пратеникот Бојан Стојаноски ја образложи потребата за носење на измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, по скратена постапка.

– Овој закон е во директна корелација со планот за економска трансформација на земјата бидејќи ја уредува државната помош за инвестициите и во насока на директно намалување на невработеноста, но и на покачување на економскиот стандард. Укажуваме на една потреба на редефинирање на државната помош кон инвестициите, со тоа што ќе редефинираме во законот кој може да добие државна помош за да почне одредена инвестиција или бизнис. Второ, даваме две комисии за евалуација за тие кои поднесуваат, би кажал, апликација за да добијат државна помош, рече Стојаноски. Се создава и комисија за надзор бидејќи, појасни тој, досега немало вакво тело. Надлежен орган за тоа ќе биде Министерството за економија.

Собранието не го прифати предлогот на пратеникот Халил Снипче за ставање на дневен ред Декларација за Газа.

Во продолжение пленумот работи по други две седници.

Next Post

Ѓорѓиевски: ГУП ќе се носи крајно транспарентно и исклучиво во корист на граѓаните

НАЈНОВО

Коалиција „Менуваме“ апелира за почитување и унапредување на правата на младите со попреченост

August 12, 2025

Анџелина Џоли, наводно, се сели од Лос Анџелес

August 12, 2025

Домашно средство за почесто чистење на креветите и теписите налето

August 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДУИ и Алијанса за Албанците со жестока реакција на изјавите на Мицкоски за конфликтот во 2001 година и УЧК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ристески: ВМРО-ДПМНЕ и Општина Аеродром бегаат од одговор за долговите на училиштата и градинките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи: Срам за Владата – работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk