ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Половина милијарда за ветер(ници) во Штип – 100 милиони прашалници

Додека премиерот Мицкоски ја претстави инвестицијата на „Алказар Енерџи“ како најголем проект за обновлива енергија во историјата на Северна Македонија, вреден половина милијарда долари, и најави енергетска револуција, инженерите и експертите предупредуваат на нетранспарентност, енергетска зависност и можно кршење на законите.

July 28, 2025 14:32
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Градиме темели на промените. Доаѓа времето на Македонија“, вака премиерот Христијан Мицкоски ја претстави инвестицијата на „Алказар Енерџи“ како најголем проект за обновлива енергија во историјата на Северна Македонија, вреден половина милијарда долари. Според него, ветерниот парк ќе произведува 1 терават-час електрична енергија годишно, што ќе покрие околу 20% од домашното производство на струја и ќе донесе 100 милиони евра во БДП.

„Ова е исполнување на едно ветување дадено пред една година“, истакна Мицкоски, пред ставањето на камен темелник за започнување на изградбата на 55 ветерници во околината на Штип, Карбинци и Радовиш.

„Енергетско ропство“ или стратешка инвестиција?

Во јавноста се појавија и реакции од експертската заедница. Инженери и (пензионирани) професори предупредуваат на ризик од енергетска зависност и штетни договори за идните генерации. Во колумната „Измама, омраза и глупост“, проф. Оливер Андонов пишува:

„Што добива Македонија од проектот? Ништо. Земјиштето му е дадено на инвеститорот, струјата од наш ветер ќе ја плаќаме ние, без реален бенефит за државата. Ова е класичен пример на користење на државни ресурси за приватен профит, со нејасни услови и нетранспарентност“.

Барање до Владата за транспарентност околу ветерниот парк кај Штип

Здружението на инженери на Република Македонија испрати официјално барање до Владата и неколку министерства согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за целосна документација поврзана со изградбата на ветерниот парк на „Алказар Енерџи“ во околината на Штип. Инженерите бараат информации за договорите, дозволите, студиите за животна средина, јавните консултации и сопственичката структура на инвеститорот. Тие предупредуваат дека станува збор за сериозно отстапување на природни ресурси и потенцијално кршење на законските процедури.

БАРАМЕ во најкраток можен рок да ни биде доставена (или објавена на веб-страниците на надлежните институции) целосната документација поврзана со најавената инвестиција на инвестицискиот фонд „Алказар Енерџи“ за изградба на ветропарк во околината на Штип, вклучително, но не ограничено на:

  1. Одлуки, записници и акти на Владата и надлежните министерства во врска со проектот;

  2. Јавен повик, договори, меморандуми или други форми на спогодби склучени со инвеститорот;

  3. Студија за оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС), со прилози;

  4. Урбанистичка документација за предвидената локација (детален урбанистички план, урбанистички проект и слично);

  5. Издадени одобренија за градба;

  6. Издадени лиценци, дозволи и согласности од страна на РКЕ, МЕПСО, Министерството за економија, Министерството за животна средина и локалната самоуправа;

  7. Документи поврзани со доделување на концесија, доколку истата е издадена;

  8. Документација за јавни расправи и консултации со засегнатата јавност (објави, стенограми, присуства, забелешки од јавноста);

  9. Проценка за трошоци и корист (cost-benefit анализа) за државата и граѓаните;

  10. Стратегиска анализа и енергетски развоен план во кој е вклучен овој проект;

  11. Информации за сопственичката структура на „Алказар Енерџи“, вклучително и посредници и правни субјекти ангажирани во постапката.

  12. Документација и/или студија што морала да биде изработена од страна на МЕПСО во врска со приклучувањето на ветропаркот на електроенергетската мрежа, вклучително и технички, правни и финансиски аспекти на приклучокот.

Во барањето, инженерите укажуваат дека се можни повреди на законски процедури, додека на граѓаните не им е даден пристап до клучни информации за проектот кој се претставува како „историска инвестиција“.

Потписници на барањето се: Ана Лазаревска, проф. д-р, дипл. маш. инж.; Атанаско Тунески, проф. д-р, дипл. маш. инж.; Дејан трајковски, проф. д-р, дипл. маш. инж.; Ели Секуловска, дипл. ел. инж.; Илија Петровски, проф. д-р, дипл. инж. инж. во пензија; Илија Бендевски, дипл. ел, инж. во пензија; Методија Величковски, Ген. потполковник во пензија; Цветко Милопевски, дипл. ел. инж. во пензија; Татјана Илиевска, дипл. ел. инж. и Златко Поповски, дипл.ел. инж. во пензија.

Партијата Левица обвини за лажен маркетинг, тврдејќи дека проектот е комерцијален, а не во интерес на граѓаните, ќе произведува струја за извоз, а не за македонските домаќинства и дека државната компанија ЕСМ е запоставена, додека странски инвеститори добиваат приоритет.

Останува прашањето: дали овие проекти се водат транспарентно и во јавен интерес, или се дел од затворени договори без целосна вклученост на засегнатите страни?

На потег е државата – дали ќе обезбеди транспарентен и фер процес за сите, или ќе остави уште еден крупен проект да се реализира под превезот на „зелена транзиција“, но без доверба од граѓаните?

Дехран Муратов / Цивил Медиа

Next Post

Еврокомисијата утврди дека „Тему“ продава нелегални и несоодветни производи

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Фото: ЗОО Скопје

Дефинитивно е волк: ЗОО Скопје ги потврди сомнежите по фаќањето на животното во Козле

May 13, 2026

ВОЛК ЗАЛОВЕН ВО СКОПСКА НАСЕЛБА: Бил чуван незаконски со ремче и ланец

May 13, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 13 мај 2026: Врвен моментум и незапирлива акција

May 13, 2026

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk