вропската унија (ЕУ) на 30 јули објави дека одложениот нов систем за гранични проверки за граѓани кои не се членки на ЕУ, кој ќе ги укине печатите во пасошите, конечно ќе биде воведен во октомври.
Таканаречениот Систем за влез/излез (EES) првично требаше да започне со работа минатиот ноември, но беше одложен во последен момент бидејќи неколку земји не беа подготвени.
Комисијата го одреди 12 октомври 2025 година како датум за почеток на работата на EES. Од 12 октомври па натаму, EES постепено ќе се воведува на надворешните граници на 29-те европски земји, во период од шест месеци. Ова постепено воведување ќе им даде на граничните власти, патниците и транспортната индустрија повеќе време да се прилагодат на новите процедури, се вели во соопштението, пренесе Радио Слободна Европа.
Системот беше воспоставен во ноември 2017 година, а неговата имплементација беше одложувана неколку пати. Системот треба да се однесува на граѓани од околу 60 земји, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан, за нивниот влез во ЕУ, како и на Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, кои се членки на Шенген зоната.
Пасошите во сите земји од Западен Балкан се биометриски, со чипови што содржат отпечатоци од прсти и фотографии, и се целосно во согласност со условите што ги бара ЕУ за земјите од Западен Балкан да добијат безвизен режим, пренесе РСЕ.