ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Костова со реакција за преминот на Ралев: „Каприциозните мегаломански очекувања не смеат да ги прегазат принципите“

August 1, 2025 13:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, реагираше на социјалната мрежа Фејсбук по повод приклучувањето на Мишко Ралев кон тимот на кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Без директно да го спомене Ралев по име, Костова испрати јасна порака за важноста на интегритетот и колективната одговорност во политиката и општеството.

„Личниот и професионален интегритет и достоинство се бесценети, но, за жал, сѐ поретки во нашето опкружување,“ напиша Костова.

Таа потенцира дека себичноста и егото не смеат да ја надвладеат општествената добробит:

„Ќе нѐ биде кога себичноста и егото нема да ја совладаат колективната благосостојба и напредок.“

Во продолжение на објавата, таа ги осуди, како што рече, „каприциозните мегаломански очекувања“ на поединци кои, според неа, ги поткопуваат основните вредности:

„Каприциозните мегаломански очекувања на индивидуата не смеат да ги прегазат професионалните и човечки принципи кои се суштински за одржување здраво општествено ткиво.“

Костова додаде и дека ваквите случувања само ја потврдуваат исправноста на партиските одлуки:

„Добро е што однапред се потврдува исправноста на нашите одлуки. Ставовите и позициите се кристализирани.“

Објавата завршува со повик за обединување на чесните и искрените луѓе во борбата против оние кои, како што вели, го разнебитуваат општеството:

„Редно е чесните, искрени и добри намери да се обединат во рационално дејствување против оние кои недвосмислено ни го разнебитуваат општеството.“

Професорот на Архитектонскиот факултет, Мишко Ралев, кој до неодамна важеше за еден од најсериозните кандидати за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, откако не ја доби поддршката, одлучи да му се приклучи на тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Информацијата ја потврди самиот Ѓорѓиевски преку објава на Фејсбук, изразувајќи благодарност и задоволство од приклучувањето на професорот Ралев.

Ј. Ѓ.

Поврзано: 

 

Мишко Ралев ‘прелета’ во тимот на Орце Ѓорѓиевски за Скопје

Next Post

Во Скопје утре посебен режим на сообраќај

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk