Гром удри на центарот на теренот на стадионот Раднички од Клубац, во близина на Лозница за време на пријателски фудбалски натпревар меѓу домашниот тим и Цер. Десет фудбалери паднале на теренот, при тоа еден е потешко, а еден полесно повреден.
Судијата Драган Јериниќ изјави дека сите оние што биле свртени кон местото на ударот од гром паднале на земја.
– Веднаш им пристапивме на сите, а тренерот Ненад Симиќ, кој за среќа е здравствен работник, пружи помош додека не пристигна брзата помош. Лекарите констатирале полесни повреди кај играчот на Раднички Марко З., додека фудбалер на гостинскиот тим бил сериозно повреден, соопшти Јериниќ.
Лесно повредениот фудбалер е во Итната помош и неговата состојба се следи, а врз потешко повредениот е извршена реанимација и тој е хоспитализиран.