ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лажните ветувања на лажните патриоти

Не знам дали постои народ во Европа кој повеќе сака да биде излажан од македонскиот. Ако и натаму сакаме да бидеме излажани пропаста е на прагот

August 11, 2025 10:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ

Кој за што, Македонија за избори. Безмалку секоја година имаме избори. Освојувањето на власта е најважната работа. Велат скапа работа, ама нема подобро решение во парламентарната демократија, ако таа постои. Така се одредува иднината на државата. Без разлика дали се работи за комунални, парламентарни, претседателски избори лажните ветувања се исти, поедноставно кажано, што повеќе нѐ лажат, повеќе веруваме во подобра иднина. Никако да се увериме дека нема безнадежни состојби, туку дека се работи за безнадежни луѓе кои управуваат со државата. Овој пат сме со најдобри изгледи да докажеме дека влегуваме во нова ера и на безнадежни состојби и на безнадежни луѓе кои сакаат апсолутна власт.

По локалните избори најверојатно ни следуваат предвремени парламентарни избори со триумф на лажниот патриотизам, примитивизмот и провинционализмот. Ќе биде тоа голема победа на гордоста и достоинството на најсиромашниот народ на Европа. Не знам дали постои народ во Европа кој повеќе сака да биде излажан од македонскиот.

Добрата вест е што од тој ден на апсолутна власт, со ништо непопреченото владеење, ќе почне стрмоглавиот пад на повеќедецениската заблуда да се верува во визија која не постои и која во изобилство ја има само во патриотската  пропаганда. Претстои само трката меѓу освестување на јавноста и распадот на државата. Ако и натаму сакаме да бидеме излажани многу поизгледна е пропаста.

На што се должи ваквата опасност која секако ботовите на власта ќе ја дочекаат на нож. Прво, на најчуствителното тесто кое се меси до високи тензии пред секои избори, а тоа се  маѓуетничките односи. Јавен е обидот на власта и на нивните приврзеници за релативизација на ужасните изливи на национализам и шовинизам на спортските терени, и не само таму, како нешто вообичаено пред секои избори. Нормално и безапопасно било во присуство на премиерот и на министри, претседателот на Собранието и врвни партиски лидери да се скандираат антиалбански и антимакедонски шовинистички добропознати пароли. Тоа било вообичаено и под контрола и ќе поминало без проблеми.

Национализмот е на чекор до фашизмот

Некој чул, некој не разбрал тоа што сите го слушнавме, ама ете имало како оправдување блага осуда, колку да се рече. Ако има пожестока осуда и казни тоа ќе значи помалку гласови на изборите. Затоа и нема жестока реакција, туку само внимателно колку да се изусти дека тоа не е добро, таква е предизборната калкулација на двете страни.

Политичките лидери и нивните гласноговорници нѐ уверуваат во тоа дека е тоа само бенигнен безопасен дел од предизборната кампања која носи повеќе гласови, но забораваат дека милитантниот национализам е само чекор до фашизмот. Победниците, кога ќе ги прават коалициите од ваквата победа, ќе заборават на тој факт, но омразата ќе остане до денот кога ова чудовиште ќе се појави со сета своја жестина. Ако тој монструм не се згази во ембрионална фаза подоцна не му можете ништо. Ќе ја проголта државата. Тоа веќе еднаш го доживеавме со крвавиот распад на Југославија.

Паролите „Шиптари во гасни комори“, „Чиста Македонија“, сечењето на ноктите на орлите, „Илирида“, „Голема Албанија“ не се бришат со изборни победи и со ставања во ад акта како нешто вообичаено и безопасно. Со секоја криза тие пожари можат да се запалат многу лесно и работите да излезат од контрола.

Втората голема опасност за Македонија е банализацијата доведена до споредна и беззначајна работа е членството и преговорите со ЕУ кои се блокирани од актуелната власт на големо олеснување на комшиите што ни ставаа вето. Бугарите во уставот заедно со 10 други етнички заедници во Македонија станаа најголем адут да се избрише најцврстата  гаранција за опстанок и побрз развој на државата. Станува сѐ поочигледно дека Европа и Америка ги кренаа рацете од Македонија препуштајќи нѐ судбината да ни биде иднина.

Политички бездарници без визија

ВМРО-ДПМНЕ ништо не научи од историјата на Македонија на која толку многу се повикува. Човек со здрав разум не може а да не се запита дали е можно овие наши политички бездарници да не гледаат што се случи со државите кои беа зад нас, а станаа членки на ЕУ. Колкав е нивниот развој само за една, или две децении колку што беа зад нас. Каде се сега тие, а каде ние. Нивното незадоволство е во споредба со стара Европа, а нашето од велепредавствата, нарушеното достоинство и гордост, домашните непријатели, странските платеници кои ни го уништуваат идентитетот, јазикот, името, а ништо од тоа не е изгубено. Македонија сѐ уште е единствената држава во светот што го носи своето суштинско  име. Не постои друга држава што го има името Македонија.

Не сум запознал Македонец кој престанал да биде тоа. Напротив со негациите тие идентитетски посебности за уште посилни. Сега наместо да ги спроведуваме реформите и да продолжиме со преговорите со ЕУ бараме резолуции да го признаат тоа тие што го негираат, а ги признал цел свет. И науката, и ОН и ЕУ. Ништо не ни значи фактот што бугарските националисти се против тоа Бугарите како малцинство да влезат во македонскиот устав. Сами си пропагираме опасности од соседите кои не се влезени како обврска за членство во ЕУ.

И конечно, прашање за нашите големи политичари кои изигруваат државници визионери и заштитници на гордоста и достоинството: дали подобро ќе ги заштитиме нашите национални посебности ако бидеме членка на ЕУ, или ако останеме изолирани и како нѐ нарекоа „тажна приказна“ со неизвесен крај. Има ли некој во власта со проценка што ќе се случува кога сите комшии ќе станат членки на ЕУ. Веруваат ли тие дека еден ден по нивното членство во ЕУ  ќе стасаат и нивните фактури како грчките и бугарските со нови условувања.

Илјада пати ја повторувам нивната лажна  парола дека „не можеме да прифатиме по секоја цена да влеземе во Европа“. Но, дали претходно овие политички математичари ја пресметале цената што ја платија граѓаните на Македонија што пред 15 или 20 години не станавме членка на ЕУ и на НАТО под многу поповолни услови од сегашните. Тогаш ја немавме обврската да го менуваме уставот и да имаме додавка на името Република Македонија. Промената важеше само за надворешна употреба без промена на уставот како  замена за членство во ЕУ и во НАТО. Не треба многу да се истражува и пресметува дека таа загуба што не сме пред Хрватска, или барем заедно со неа влезени во европското семејство, е огромна и ненадоместлива. А, бевме на прагот на таква можност кои сами ја отфрливме. Ова истото по неколку години некој ќе открие залудно  колкава е загубата што заедно со Албанија и со Црна Гора не станавме членки на ЕУ. Дали и тогаш ќе бидат виновни „велепредавниците“ што нѐ доведоа до членство во НАТО и до отварање на преговорите со ЕУ, или предавниците кои ги блокираа натамошните преговори и спроведување на реформите кои се неопходни за иднината на Македонија и со тоа направија од готово вересија.

Третата опасност која исто е надвисната над Македонија е деградацијата на парламентарната демократија. Повторно по ерата на груевизмот, во уште поостра форма, не постои поделба на општествениот поредок на законодавна, извршна и судска власт, ниту пак на институцијата претседател на државата. Претседателката Гордана Силјановска-Давкова секојдневно ни покажува дека на Македонија не ѝ треба претседател. Сѐ е препуштено во рацете на една политичка партија и сѐ повеќе во рацете на една личност, премиерот Христијан Мицкоски, кој ни докажува дека многу ни е подобро во повторно заробената држава само тоа ние не го знаеме. Премиерот и министрите водат партиска предизборна кампања за комунални избори, иако тоа е недозволиво, освен ако не мислат дека се влада само на нивните гласачи и партиски членови.

Медиумските слободи и човековите права се посебна тажна приказна. Претпладне партиските труби соопштуваат колку е слаба опозицијата која само што не исчезнала, а попладне дека опозицијата е виновна за сите проблеми, иако ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери веќе има  апсолутна власт која може без речиси никакви пречки  да ги донесе сите неопходни одлуки.

Нема ништо посрамно во новинарството од тоа да се напаѓа слаба опозиција која не може да попречи ниту една суштинска одлука во Собранието. Обелоденување и жигосување на злоупотребите на власта се свето правило во оваа професија која треба секогаш да биде на страната не на тие што прават историја, туку на тие што страдаат од таа наводна историја на големи успеси со враќање назад на државата во нова потешка транзиција со опасност од нејзино распаѓање.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Независен
Next Post

Флик: Мило ми е за разрешницата со Тер Штеген

НАЈНОВО

СДСМ: Невидена партизација во тек, единствениот пат до вработување е или преку партија или преку граница

August 11, 2025

ДУИ и Алијанса за Албанците со жестока реакција на изјавите на Мицкоски за конфликтот во 2001 година и УЧК

August 11, 2025

Мицкоски за изјавата од Меџити дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба

August 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвта на невините, фантазијата за Нобелова награда и сцената за легитимирање на злосторникот од Кремљ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска: ОЈО мора да постапи и началникот на Тошковски да одговара

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk