ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

August 14, 2025 11:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА

Граѓанската активистка од Шанса за Центар и поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска денеска на прес-конференција ги соопшти мотивите за кандидатурата за градоначалничка на Општина Центар за претстојните локални избори на 19 октомври.

-Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во нашата општина. Тоа значи секој од прозор да гледа три дрвја, на секој жител да има барем 30 квадрати зеленило и секој да живее на 300 метри од парк. Ние сме далеку од тоа, но барем некако да се приближиме, нагласи Ивановска, која е поддржана од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 398“, кои продолжуваат со собирање потписи за формирање партија. Независни за Карпош, пак, вчера се одвоија од оваа иницијатива и соопштија дека само со потписи ќе се кандидираат на изборите.

Во претставувањето Ивановска рече дека ќе биде фокусирана на барање решенија, а не на обвинувања и лични навреди бидејќи нејзините заложби секогаш биле граѓаните пред партиите.

– Одлучив да се кандидарам за градоначалничка на општината во која што живеам, во која што ги делам истите проблеми со моите сограѓани и во која што го дишеме истиот воздух, кој не е загаден само со ПМ честички, туку и со многу лоши политики и корупција. Правда, интегритет и одговорност се вредности кои ме водат цел живот и сметам дека тука можат да се преточат во креативни политики кои ќе обезбедат подобра и поздрава општина, кажа Ивановска.

Нејзината кампања ќе се базира на три столба – првиот столб е одговорност, отчетност и транспарентност, вториот е инклузивност, зашто секој граѓанин е важен, и третиот столб е заедништво и солидарност. Општина Центар рече таа треба да биде на граѓаните, а не на профитот.

-Досегашната состојба е резултат на многу корумпирани и лукративни политики кои го занемарија интересот на граѓаните. Мене не ме водат апетити за профит, јас ги вложувам моите интегритет и капацитет за да понудам решенија кои можат да бидат добри за живеење и да го вратат достоинствениот живот. Не барам моќ и функција, туку сакам моќта да им ја вратам на граѓаните. Мислам дека уживам углед и доверба кај граѓаните и од нив ми треба само нивната доверба, а јас им ги нудам моите професионалност и одговорност. Во нашиот тим има професионалци кои знаат и можат да понудат одлични решенија, рече Ивановска.

Според неа, во општината досега е направена огромна штета и таа тешко може да се поправи, но можеби може да се ублажи.

-Нема да дозволувам детални урбанистички планови кои не се усогласени со Генералниот урбанистички план. Сведоци сме како се градат објектите кај „Холидеј ин“, а деталниот урбанистички план е незаконски. Она што мене ми е приоритет е дозволите и плановите за градење да бидат усогласени со стандардите, кажа Ивановска.

„Независни заедно“ најавија дека наскоро ќе го објават нивниот кандидат за градоначалник на Скопје и ги повикаа да им се приклучат сите заинтересирани независни групи кои имаат желба да настапат на локалните избори.

Tags: Билјана ИвановскаЦентар
Next Post

СДСМ бара разрешување на Ана Михајлов и целосна истрага за скандалите во Еразмус+

НАЈНОВО

БМВ планира ривал на Г-Класа за 2029 година

August 14, 2025

Продолжува потрагата по исчезнатите мигранти по двоен бродолом кај Лампедуза

August 14, 2025
Фото: Ви

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Андреј Жерновски. Фото: ФБ

    Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk