Здружението на тренери во Италија бара од првиот човек на националната фудбалска федерација Габриеле Гравина да испрати барања до ФИФА и УЕФА за времена суспензија на израелската репрезентација од меѓународни натпревари, објави „АНСА“.
Во барањето се наведува дека израелската репрезентација треба да биде суспендирана поради ситуацијата во Појасот Газа.
Италијанската и израелската репрезентација се во иста група во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Меѓусебниот натпревар на Италија и Израел е закажан за 8 септември на неутрален терен во Унгарија. На 14 октомври, двете репрезентации треба да играат во Удине, Италија.
По два натпревара, Италија е на третото место со три бода, Изреал е втор со шест освоени бода по три одиграни натпревари.