ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025 21:27
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Спроведувањето на изборите е еден од клучните демократски процеси во една држава. За да бидат фер и кредибилни, неопходна е прецизна организација и поделба на одговорностите меѓу повеќе институции. Во Република Северна Македонија, надлежностите се утврдени со Изборниот законик.

Државна изборна комисија (ДИК) 

Највисокиот орган за спроведување и надзор на изборите е ДИК. Таа го води целиот изборен процес – од распишување на изборите, воспоставување на роковникот и давање упатства, до објавување на конечните изборни резултати. ДИК е и посредник во случај на приговори на постапките на пониските изборни органи.

Надлежностите на ДИК се уредени со член 31 од Изборниот законик. 

Општински изборни комисии (ОИК) и Изборната комисија на Град Скопје

Во секоја општина и во Град Скопје се формираат изборни комисии. Тие ја координираат подготовката на изборите на локално ниво, се грижат за избирачките одбори и го собираат и утврдуваат резултатот од избирачките места.

Избирачки одбори (ИО) – на терен со гласачите

Најблиску до граѓаните се избирачките одбори, кои се формираат за секое избирачко место. Тие го спроведуваат гласањето: го проверуваат идентитетот на гласачите, издаваат гласачки ливчиња, го водат Избирачкиот список на денот на изборите и ги бројат гласовите.

Исто така, се формираат и избирачки одбори во и во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија (ДКП) односно конзуларните канцеларии.

Улогата на МВР и другите институции

Министерството за внатрешни работи е задолжено за одржување на јавниот ред и мир во текот на изборниот процес, а истовремено води евиденција за важечките лични документи. Други државни органи и институции (УЈП, Министерство за правда, МТСП и др.) имаат обврска да доставуваат податоци до ДИК за ажурирање на Избирачкиот список.

 

Со оваа поделба на надлежностите треба да се обезбеди транспарентност и контрола во секоја фаза од изборниот процес. ДИК е клучниот и најодговорен орган, додека ОИК и ИО се практичниот механизам за реализација на изборите. МВР и останатите институции се поддршка за законито и безбедно одвивање на гласањето.

Како да го контактирате ЦИВИЛ?

📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk

Вашиот глас има моќ. Искористете ја!

Извор: Цивил Медиа

Next Post
Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk