Македонската универзитетска карате репрезентација освои три медали на Европската универзијада која се одржа во Варшава, Полска.
Во финалните борби изминатиот викенд Ангела Мојсовска освои златен медал. Таа беше најдобра во категоријата -68 кг.
Сребрен медал освои Љупче Михаилов, додека за бронзен медал се избори Викторија Јовановска.
Петар Заборски (-75кг) и Јована Мицовска (-61кг), завршија на петтата позиција.