ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај а власта им вели „немаме магично стапче“

August 28, 2025 12:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека власта сака да им каже на луѓето дека не знаат како живеат, дека цените не растат, дека не е се поскапено и дека тече мед и млеко сите податоци покажуваат дека граѓаните живеат сè потешко и посиромашно, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

„Синдикалната минимална кошница е поскапа за речиси 5.000 денари, само за една година. Во исто време, минималната плата порасна за само 1.800 денари.
-Зеленчукот поскапел за 63,3%, а овошјето за 33% само за една година.
-Инфлацијата е 4,8% и ги јаде примањата на граѓаните.
-Реалната плата во јуни порасна за само 3,8%, додека со мерките на СДСМ растот беше над 11%.  За прв пат по долго време имаше и пад на просечната плата споредено со претходниот месец.

Со други зборови: цените растат, платите мируваат, а куповната моќ на граѓаните паѓа.

За само една година власт на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е доведена во најголема економска несигурност досега.

Министерката за финансии Кочовска вели дека владата „немала магично стапче“ за инфлацијата.

Тоа е само изговор. Владата не е таму да се правда додека се луксузира на грбот на народот, туку да преземе мерки.

Сите земји во регионот, Србија, Бугарија, Хрватска, имаа навремени мерки и интервенции за цените и инфлацијата. Само во Македонија граѓаните се оставени сами на себе. „Немаме магично стапче“ е врв на неспособност и значи дека оваа власт нема ниту план, ни волја да им помогне на граѓаните.

Не треба „магично стапче“ треба владата и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги прифатат предлозите на СДСМ за покачување на минималната плата на 500 евра, на укинување на ДДВ за храна и покачување на платите во сите сектори.

Платите во Македонија се само 35% од европските просеци а цените, пак, достигнуваат 60% од европскиот просек.

Тоа значи дека граѓаните плаќаат речиси европски цени, а живеат со трипати пониски плати.

Проблемот не е кај работниците ниту во магичните стапчиња, туку во оваа влада што свесно држи ниски плати за да им одговара на бизнис-елитите блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Почетокот на есента е еден од економски најтешките периоди за македонските семејства и СДСМ ќе ја продолжи борбата за повисоки плати. Законските решенија повторно ќе ги поднесеме.  Тоа е борба за достоинствен живот“, истакна Кузеска.

Next Post

Голем спектакл во мешани боречки вештини во Скопје

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk