ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжува судењето за нападот врз Арсовска: Обвинетиот Јамалари тврди дека тој бил жртва

August 29, 2025 12:04
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судскиот процес против Сулејман Јамалари, обвинет за грубо насилство врз градоначалничката Данела Арсовска. Иако обвинението го терети за физички и вербален напад, Јамалари пред судот тврди дека не е напаѓач, туку жртва на инцидентот што се случи на 11 јули 2025 година кога Арсовска била на терен со овластени службени лица по пријава за бесправна градба.

Во рамки на изведувањето на докази од страна на одбраната, Јамалари беше испрашуван од неговата бранителка Иванка Јакимовска. Тој категорично ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека бил жртва, а не напаѓач.

-Тој ден јас не нападнав никого, бев нападнат од градоначалникот. Таа пријде кон мене со телефон, јас само со рака ѝ мафтав, сакав да ѝ го тргнам телефонот, да не снима неовластено, изјави Јамалари пред судот.

Обвинетиот тврди дека дошло до вербална расправија и физички контакт, при што, според него, оштетената го удрила со нога.

-Оштетената ме удри со нога, ме клоцна со нога… Тука над коленицата, на левата нога, рече тој.

Јамалари наведе дека на местото на настанот бил присутен со електричен тротинет, кој, како што рече, „во ниеден момент го немав пуштено од рака“. Според неговите тврдења, инцидентот бил снимен од страна на градоначалничката и нејзиниот тим, но тој лично не направил никакви снимки.

Обвинетиот изјави и дека по инцидентот на 11 јули 2025 не можел веднаш да оди во болница бидејќи бил задржан во полициска станица. Иако бил прегледан истиот ден, медицинските резултати пристигнале дури по полноќ.

Во сведочењето пред судот, Јамалари потврди дека имало обострани пцовки меѓу него и градоначалничката Данела Арсовска, при што наведе конкретни навредливи зборови упатени кон него. Тој додаде дека не се сеќава дали пцуел други присутни, но тврди дека целата екипа на градоначалничката го навредувала.

На прашање дали се чувствува оштетен, Јамалари одговори потврдно и истакна дека сака градоначалничката да одговара за, како што рече, „она што го направила“.

Претходно, на првото рочиште кога обвинетиот се изјасни за невин, градоначалничката Данела Арсовска, го опиша настанот како „агресивен и опасен“. Во своето сведочење Арсовска изјави дека се чувствувала „загрозено, несигурно и исплашено“, а нападот, според неа, траел над 40 минути. Таа нагласи дека „агресијата континуирано растеше“ и дека „интервентната полиција мораше да нѐ вади“.

Според обвинителниот предлог, Јамалари пристигнал со електричен тротинет и ја нападнал физички и вербално, при што ѝ нанел телесни повреди и изрекол сериозни закани.

Судењето го води судијката Билјана Коцевска, а застапник на обвинението е обвинителот Александар Давчевски.

Tags: Арсовсканападсудење
Next Post
Бранимир Јовановиќ. Фото извор, Директ портал

Јовановиќ: ВМРО-ДПМНЕ буквално ја сфатиле шегата за статистиката – ако доволно ги мачите податоците, ќе признаат сѐ што сакате

НАЈНОВО

Скриншот

Такаичи: Јапонија не се откажува од мировниот договор со Русија

October 24, 2025

Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

October 24, 2025
Скриншот

Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk