Повеќе денови гори депонијата „Дрисла“ близу Скопје а чадот од пожари го гуши половина град.
Претходно, пожари имаше и на претоварната станица „Вардариште“ со што секојдневието во општина Аеродром стана недподносливо.
Денеска, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања прстот за пожарот на Дрисла го впери кон опозициската ДУИ.
„Чудно е како во одредени јавни претпријатија каде свои кадри има ДУИ се случуваат вакви работи“ рече денеска Мицкоски, додавајќи:
„Тоа што со децении не е санирано, тоа што со децении никој не водел сметка, еве за неколку дена ќе успееме да го санираме“.
Од 2005 па наваму со Град Скопје под чија надлежност е Дрисла раководи градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ (со исклучок на 2017-2021 и Петре Шилегов)
Од 1996 (и првите локални избори во независна Македонија) со Гази Баба раководи кадар на ВМРО-ДПМНЕ (освен периодот 2017-2021 и Борис Георгиевски од СДСМ)
Сите овие кадри на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Коце Трајановски кој беше и градоначалник на Гази Баба и на Скопје во два наврати сносат огромен дел од одговорноста за тоа што не воделе сметка како што вели премиерот.
И додека граѓаните очекуваат брзи и ефикасни решенија од сите институции, првенствено од Владата, премиерот во изјавата не спомна можност за одговорност во редовите на својата партија или на актуелната влада





