ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Љутков: Универзална сала ќе ја задржи постоечката форма, но ќе биде модерен симбол на културна размена, креативност и заедништво

September 15, 2025 13:17
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новата Универзална сала ќе ја задржи постоечката форма со цел почитување на колективната меморија, ќе располага со капацитет од 1.200 седишта, а ќе има и нова просторна акустика со современи техничко-технолошки системи, подвлече министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по денешната презентација на визуелното решение на култниот објект за скопјани.

– Денеска пред македонската јавност го презентиравме визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, што ќе го врати значењето на оваа култна локација и ќе ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје. Проектот што беше преземен од Град Скопје е задржан во делот на идејното архитектонско решение. Направени се измени во делот на конструктивните елементи, по насоките дадени во испитувањата што дополнително ги побара Министерството за култура и туризам, а беа неопходни по опожарувањето на објектот, рече министерот Љутков.

Притоа информираше дека е изработена нова просторна акустика со вклучени техничко – технолошки системи  – hvac, сценска техника-механика, лед осветлување и аудио – видео и електрични инсталации.

– Предвидени се нови современи материјали во ентериерот и надворешноста на објектот. Проектот е енергетски ефикасен објект, изработено е современо и интересно партерно и хортикултурно решение, додаде Љутков.

Тој посочи дека очекува на почетокот на октомври да завршат и постапките за избор на изведувач и надзор, со што, како што нагласи, ќе се создадат услови за започнување на изградбата на Универзална сала по системот „клуч на рака“. Планирано е изградбата да заврши до крајот на 2027 година.

– Со што, во 2028 година ќе бидеме подготвени да започнеме со реализација на програмата за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Инвестицијата според пресметката ќе чини 20 милиони евра. Ова не е само објект – ова е инвестиција во културата, идентитетот и иднината на Скопје. Универзалната сала ќе стане модерен симбол на културна размена, креативност и заедништво, достапна за сите граѓани, подвлече Љутков по денешниот брифинг со новинарите.

Околу реконструкцијата и адаптацијата на објектот што е симбол на градот и наменет за различни настани, се осврна проектантот Бујар Муча. Меѓу другото, појасни дека задржан е концептот на гледалиштето – диспозиција на блокови, влезови и излези.

– Намален е бројот на редови за да се зголеми конфорот на публиката и да се задоволат безбедносните параметри во случај на евакуација и ПП. Предвидени се околу 1.200 седишта, наместо 1.500 колку што претходно имала салата, додаде тој.

Притоа соопшти и добра вест за филмаџиите, со оглед дека во Универзална ќе можеле да се одржуваат премиери, а со подобрената акустика, објектот немало да пречи на жителите во околината.

На новинарско прашање, министерот Љутков изјави дека по завршувањето на проектот, Универзална сала ќе се врати под надлежност на Град Скопје.

Tags: ЉутковСкопјеУниверзална сала
Next Post

ЕУ по повод Меѓународниот ден на демократијата: Демократијата е основа на мирот, слободата и просперитетот

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk