ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Во Дебар отворено 24. издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“

September 24, 2025 10:51
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со претставата „Грабеж на диамантот” во режија на Ќазмедин Нуредини а во изведба на членовите на албанската драма при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, синоќа во Центарот за култура во Дебар почна 24. издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“.

Публиката, која ја преполни концертната сала актерите ги награди со бурен аплауз.

Пред претставата се обрати директорот на фестивалот Илбер Нуредини, кој, како што рече со изборот на претстави и ова издание убеден е дека ќе ја потврди својата успешност.

– Голема благодарност до сите кои веруваа во нас и придонесоа во подготовката, организацијата и одржувањето на фестивалот. Посебна благодарност до Министерството за култура, Општина Дебар, Центарот за култура и други донатори со чија поддршка фестивалот опстојува. Фестивалот стана традиционален, дебарската публика која знае да го оцени најдоброто, очекува да се исполни долгогоишното барање истиот да се институционализира. Дебар го заслужува тоа, рече Нуредини.

Публиката и сите дебрани ги поздрави и фестивалот за отворен го прогласи вице премиерот Арбен Фетаху, кој посака пријатни мигови и во следните театарски денови.

На оваа манифестација, која редовно се одржува во Дебар, а завршува на 30 септември, пред публиката ќе се претстават театарски куќи од Скопје, Тетово, Гостивар, Тирана, Прешево и Приштина.

Вечерва ќе биде прикажана претставата „Вистината“ во режија на Бесфорт Идризи во изведба на Албанскиот театар за деца и младинци од Скопје.

Последната вечер пред дебарската публика ќе настапи Национален Театар на Косово – Приштина со „АРТ“ во режија на Башким Рамадани. Веднаш потоа предвиден е концерт „Валцери и полки од Штраус“ – Квартет предводен од Пламенка Трајковска, по што ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, режија, актер и актерка.

Одржувањето на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, кое годинава додели 1,5 милиони денари, што е двојно поголем износ од минатата година, Општина Дебар, со 350 илјади, како и дебарски компании.

Tags: Албански театар во Македонија
Next Post
Фото ССНМ и Еднаква

Изложба „Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk