ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Годинава спречен криминал со употребувани возила – 67 кривични пријави, 11 отказни решенија за царински службеници

September 27, 2025 12:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Царинска управа

Фото: Царинска управа

Share on FacebookShare on Twitter

Делуваме системски, преку зголемена соработка со останатите институции сè со цел спречување на организираниот криминал и корупцијата во сите институции кои учествуваат во царинските постапки. Годинава преку Одделението за истраги, во рамки на Секторот за контрола и истраги, поднесени се 67 кривични пријави против 38 правни и 148 физички лица за сторени кривични дела со 181 возила каде директната штета врз Буџетот изнесува 16,5 милиони денари, истакнал директорот на Царинска управа Бобан Николовски во емисијата „Ставот на регионот“ на Newsmax Balkans.

-Донесени се 11 решенија за отказ на царински службеници. Зголемените контроли, се еден од клучните фактори за раст на наплатата на приходите од 65,5 милиони евра заклучно со август годинава. Ова беа главните поенти на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во синоќешната емисија „Ставот на регионот“ на Newsnax Balkans каде се осврна на конкретните резултати постигнати во изминатите месеци, со посебен фокус на системските мерки за борбата со корупцијата, како една од најголемите закани за безбедноста, изјавил Николовски.

Николовски потенцирал дека покрај зголемените контроли во изминатиот период во рамки на Царинската управа се работело на менување на свеста на царинските службеници сè со цел поголема ефикасност во спречување на криминалот и корупцијата. Доказ за преземените чекори во сузбивање на корупцијата е и последниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата, во кој Царинската управа е на високото петто место од вкупно 72 институции во спроведување на политики за интегритет. Покрај веќе донесените 11 отказни решенија, од кои две се со судска одлука, директорот вели дека од лани се спроведени вкупно 76 дисциплински постапки. Нагласил дека е потребна силна волја и нови кадри кои ќе учат од најдобрите во Царинската управа, и оти ова се начините за ефикасна борба со корупцијата.

За „Ставот на регионот“ Николовски порачал дека контролите на граничните премини се зајакнати и оти преку подобрена анализа на ризик, целта е што помалку контроли, со цел непречен проток на патници и стока при истовремен поголем успех во детекција и откривање на секој обид за криминал.

Во првата половина од годинава, како резултат на вршење селективни контроли базирани на анализа на ризик и проценка на ризик во патничкиот промет,  бројот на откриени неправилности е зголемен за 194 проценти во споредба со истиот период 2024 година.

Во однос на ефектите од воспоставениот концепт на едно застанување на граничните премини со Србија и Косово, директорот вели дека за разлика од порано кога граѓаните на едно место морале да застанат два пати, сега застануваат еднаш при што се врши една проверка. Системот веќе ги дава ефектите, преку забрзан проток на патници, како и ефикасна контрола и заедничко делување во спречување на секој обид за шверц.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: МИА

Надградбата на Евзони ќе ги намали гужвите, но воведувањето на ЕЕС системот може да го отежне функционирањето

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

September 27, 2025

Општина Центар постави контејнери за лесно и бесплатно одлагање кабаст отпад

September 27, 2025

Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ што некогаш бил поднесен, власта да не го одбива, порача Филипче

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk