ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ЕУ одново ги воведе сите санкции кон Иран поради нуклеарната програма

September 29, 2025 12:52
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на ЕУ денеска донесе одлука одново да ги воведе рестриктивните мерки кон Иран поради неговите нуклеарни активности, кои беа укинати во 2015 година по стапувањето во сила на Заедничкиот акциски план, попознат како договор за иранската нуклеарна програма.

Одлуката на ЕУ е донесена по решението на Советот за безбедност на ОН да не го продолжи прекинот на санкциите кон Иран, откако Велика Британија, Германија и Франција го активираа механизмот за враќање на мерките, предвиден со Заедничкиот акциски план.

Одново воведените санкции опфаќаат забрана за патување во ЕУ за поединци и замрзнување на средства на физички и правни лица поврзани со иранската нуклеарна програма, како и забрана да им се ставаат на располагање средства или економски ресурси.

Дополнително со санкциите се забранува извоз на оружје во Иран, како и на какви било предмети, материјали, добра или технологии што би можеле да придонесат за иранските активности поврзани со збогатување и преработка на нуклеарни горива и со програмите за балистички ракети.

Се забранува и увоз, купување и транспорт на нафта, природен гас, петрохемиски и нафтени деривати и сродни услуги, снабдување со опрема за енергетскиот сектор, со поморски уреди и со одреден софтвер, како и продажба на злато, други благородни метали и дијаманти.

Со обновените санкции се замрзнуваат и средствата на Централната банка на Иран и на главните ирански комерцијални банки во ЕУ и се забранува пристап на ирански транспортни авиони до аеродроми во Унијата, како и нивно одржување и сервисирање. Забраната за одржување и сервисирање се однесува и за бродови кои превезуваат материјали или стоки опфатени со режимот на санкции.

Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – Велика Британија, Кина, Русија, САД и Франција, и плус Германија на 14 јули 2015 година постигнаа договор со Иран за долгорочно сеопфатно решение за иранското нуклеарно прашање, со кој се предвидуваат низа мерки за да се обезбедат гаранции дека нуклеарната програма на Иран ќе се користи исклучиво за цивилни или мирољубиви цели.

По ова, во октомври 2015 година, Советот за безбедност на ОН усвои Резолуција со која беа укинати сите санкции кон Иран поврзани со иранската нуклеарна програма. Сепак со договорот се предвидува и можност за одново воведување на санкциите во случај на „значително неисполнување“ на договорените обврски од страна на Иран.

На 28 август 2025 година, Велика Британија, Германија и Франција го известија Советот за безбедност на ОН дека според нивна проценка Иран „значително не ги исполнува“ своите обврски според договорот и иницираа одново воведување на санкциите по период од 30 дена.

Во отсуство на нова резолуција од Советот за безбедност на ОН за спречување на повторното воведување на казнените мерки кон Иран, режимот на санкции одново стапува во сила, информира Советот на ЕУ.

Tags: ЕУИрансакнции
Next Post
Фото: Фејсбук профил на Х. Мицкоски

Мицкоски: На изборите има само две опции - ВМРО-ДПМНЕ која нуди развој и СДСМ, ДУИ и Левица кои испраќаат невистинити и неточни пораки

НАЈНОВО

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хиларија Болдвин откри: Со Алек одиме на брачно советување поради големата разлика во години

November 14, 2025

Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот; Ѓорѓиевски – завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk