ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Шукова од Вардариште: Мојот план е Скопје без диви депонии, отпадот ќе го третираме како ресурс

September 30, 2025 12:06
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мојот план е Скопје без диви депонии и конечно е дојдено време отпадот да го третираме како ресурс. Вардариште е само една од локациите како дива депонија, покрај тоа што е и претоварна станица, којашто во овие четири години сериозно беше запуштена и не беа направени никакви интервенции за да се затвори како дива депонија за да ја добие намената којашто треба да ја има и ја имала со годините наназад-тоа е претоварна станица, изјави денеска кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ и коалицијата, Каја Шукова.

Во изјавата дадена пред дивата депонија Вардариште, Шукова истакна дека во рамките на Скопје и во рамките на Скопскиот регион, оваа локација е планирана и понатаму да биде претоварна станица.

-Што значи претоварна станица? Тоа не значи само претовар од помал во поголем камион и отпадот да заврши во Дрисла. Тоа значи сериозен систем кадешто ќе се селектира отпадот, ќе се преработува, секако во соработка со сите останати партнери кои се дел од овој систем, бидејќи не е само градот, не се само општините. Тука имаме соработка и со приватниот сектор, со невладиниот сектор кои се дел од еден интегриран систем за управување со отпад, посочи Шукова.

Додаде дека сериозно мора да се размислува за селектирање на отпадот и затоа Градот мора да им понуди на граѓаните нова опрема, пред се канти, контејнери и камиони, што е и во нејзината програма, кои ќе работат исклучиво со селектираниот отпад за да не се случувале состојби какви што имаме денеска кога дел од граѓаните отпадот веќе го селектираат да завршува во истите камиони кои отпадот само го депонираат на Дрисла.

На новинарско прашање дали е можно Вардариште да добие нов изглед и намена, Шукова со став дека е можно Вардариште да се уреди како простор со кој функционално ќе се управува, што значи дека може да биде претоварна станица по европски стандарди, не ова што е во моментот.

-Оваа локација мора сериозно да се загради, да се расчисти и во иднина, согласно плановите и на државата и на градот со стратегијата за отпад да стане современа претоварна станица. Тоа значи дека тоа што ќе го собираме од кантите и контејнерите на ниво на град Скопје, тука дополнително ќе се прераспределува и селектира и потоа оди на реупотреба. Јас велам финално што помалку отпад да се депонира на Дрисла и тогаш ќе имаме капацитет на Дрисла којшто ќе ги задоволува потребите на градот Скопје. Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла. Тоа не се европски пракси ,и ние се стремиме кон нив и за 10-15 години да дојдеме до нула отпад, да го искористиме отпадот целосно, одговори Каја Шукова.

Прашана за секојдневните протести за горењето на Вардариште, за Вардариште, Шукова смета дека палењето или самозапалуваљњето на Вардариште е сериозен проблем по загадувањето на воздухот.

-Еден од пет или шест фактори кои се сериозни по загадувањето секако е палењето на отпадот, особено на пластиката и на одредени други отпадни материи и предизвикуваат создавање на органски материи кои се сериозни загрозувачки по здравјето на граѓаните. Затоа, не смееме да дозволиме повторно да има палење на Вардариште. Ние за тоа зборувавме од првиот момент дека треба да има оградување на Вардариште, дека мора да има чуварска служба 24 часови. Постои начин како да се управува Вардариште, ставен е во мојата програма и паралелно на овој начин на управување со Вардариште треба да ги одиме сите сегменти за управување со отпад. Комплексен е овој систем, не е едноставен, но мислам дека со сериозен ангажман, со сериозни инвестиции мислам дека во краток временски рок ќе видиме напредок во делот на управување со отпад на ниво на град Скопје, одговори кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ и коалицијата, Каја Шукова.

Tags: депонииСкопјеШукова
Next Post
Фото: Фејсбук Мицкоски

Мицкоски: Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk