ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓорѓиевски: По преземањето на власта ќе почнеме со пробивање на улицата „Есенинова“ до „Шампионче“, ќе го ослободиме центарот на Скопје од метежот

September 30, 2025 14:40
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот за Градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција најави дека по преземањето на власта во Градот Скопје ќе почне со пробивање на улицата „Есенинова“ до „Шампионче“, која се очекува да ги поврзе ул.„Антон Панов“ и бул. „Борис Трајковски“.

-Денеска сме овде во срцето на Кисела Вода кај улицата „Есенинова“ не само да збoруваме за инфраструктура, туку да зборуваме и за иднината за град кој дише кој се движи кој ги поврзува луѓето, а не блокира. За Скопје какво што сите скопјани заслужуваме. Во рамки на втората фаза на проектот на „Есенинова“ веднаш по презамањето на власта во Градот Скопје ќе започнеме со пробиваање на улицата од Чешма каде што се наоѓаме во моментов до Шампионче, со што директно ги поврзуваме ул.„Антон Панов“ и бул. „Борис Трајковски“ кој исто така ќе биде довршен до Драчево. Оваа интервенција значи растеретување, побрз пристап, подобра мобилност за сите жители на Општина Кисела Вода. Но ова е само дел од пошироката мрежа на инфраструктурни решенија што ги предвидуваме во Скопје, рече тој.

Тој најави и други инфраструктурни проекти, реконструкции на улици, кои ќе ги реализира по преземањето на власта во Градот Скопје.

-„Бутелска“ ќе се поврзе со бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во близина на обиколницата со цел елиминирање на ризици и гужви. Улицата „Лука Геров“ во Ѓорче Петров ќе се поврзе со патот за Економија, обезбедувајќи безбеден премин преку пругата, интеграција на населбата Даме Груев и Стопански двор. Новата улица меѓу Хиподром и Општина Илинден ќе донесе брзина, безбедност и економски развој. Улицата „Пролетна офанзива“ ќе биде новата артерија што ги поврзува Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода преку мост над Вардар и клучка кај Хиподром во првата фаза со нејзината изградба во делот на Општина Гази Баба и проектирање за целосна нејзина изградба. Улицата „Веле Марков“ во Ѓорче Петров ќе се поврзе со булеварот Македонска војска, растоварувајќи го локалниот метеж. Улицата „Шарпланинска“ ќе ги поврзе жителите од населба „Даме Груев“ со главните коридори со модерна инфраструктура и зеленило. Улицата „Даме Груев“ во центарот на Скопје ќе прерасне во булеварско решение со правно и техничко решение за зградата на „Макотекс“ и модел за паркирање на жителите кои живеат во тој реон, рече тој.

Ѓорѓиевски потенцира дека со реализација на овој булевар комплетно ќе се ослободи центарот на Скопје од сите возила.

-А таму каде што веќе улиците постојат, но со децении се запоставени, започнуваме со целосна реконструкција. Прва ќе биде улицата „Перо Наков“ во Гази Баба, индустриското срце на Скопје конечно ќе добие современа инфраструктура. „Фрањо Клуз“ во Аеродром конечно ќе биде реконструирана за безбедно и современо движење. Улицата „Стар качанички пат“ клучен за развојот на економската зона во Визбегово и за целата државна економија, исто така ќе биде целосно реконструирана. Улицата „101“ во Волково решавање на пристапот ќе го обезбедиме до железничката станица и урбано достоинство за жителите таму. Улицата „Загребска“ главната артерија до Детската клиника Козле со значење за итни медицински интервенции исто така ќе биде реконструирана вендаш по промената на власта во градот Скопје. „Бутелска“ и „Радишанска“ од Расадник до Радишани со нова асфалта дренажа осветлување и сигурен пристап до домови, училишта и здравствени установи, рече тој.

Ѓорѓиевски нагласи дека ова не се само улици, туку решенија и ова е неговата заложба за град Скопје што не губи време во застој туку добива време за живот.

-За град што не се распаѓа туку ќе се обновува. За град што не ги заборава своите сограѓани, туку ги поврзува. За град во кој сите општини ќе имаат пред се рамномерен развој. Секо метар нова улица значи минути помалку гужва. Секој реконструиран тротоар ќе значи поголема безбедност. Секој поврзан кварт значи подобар пристап до училишта, болници, работни места. Ова е нашата визија, ова е нашата програма, ова ќе биде и нашата заложба. Во таа насока очекувам да ја продолжиме и продлабочиме соработката со Министерството за транспорт и со министерот Николоски кој е денеска тука заедно со мене, рече тој.

Ѓорѓиевски соопшти дека веќе се реализираат и други 13 капитални проекти за кои Кисела Вода аплицираше и добила средства од Владата преку Министерството за транспорт.

Во однос на решението за Скопје со превозот, Ѓорѓиевски нагласи дека најпрво ќе биде многу важно во првите моменти по превземањето на власта во градот Скопје да се нормализира колку што може сообраќајниот транспорт од аспект на ревитализација на возниот парк на возилата коишто ги имаме на располагање односно автобусите во ЈСП, но истовремено и давање лиценци и согласности на сите приватни превозници, без оглед од која политичка партија се, без оглед на националната или верска припадност.

-Тоа било случај кој што се практикувал во минатото, за жал, но од сето трпат граѓаните и имаат штета на крајот на денот. Јас ќе имам еден отворен пристап на целосна модернизација на возниот парк. Очекуваме 80 нови автобуси од страна на Владата и Министерството за транспорт за коишто подетално ќе може да каже  министерот. БРТ имаше одредени пропусти. Двата пропусти, според мене, коишто беа најсерозни беше тоа што во целиот тој проект беа изоставани Драчево, беше изоставен од Бутел делот спрема Радишани. Сега ќе бидат опфатени со проектот и ќе започнеме веднаш по преземањето на градската администрација, односно власта во градот Скопје со реализација на истиот. Зошто? Затоа што од една страна БРТ-то ќе го растерети метежот, но од друга страна веќе се обезбедени средства, веќе има заем за којшто граѓаните плаќаат камати. Јас како одговорен човек нема да дозволам да плаќаме камати за ништо. И дополнително како трета фаза во целата композиција на решавање на проблемот со ЈСП Скопје ќе биде заложбата на Министерството за транспорт, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека градскиот транспорт ќе го решава на повеќе начини.

-Тоа нема да биде само еден модел. Ќе бидат повеќе модели во една целина коишто на крајот на денот ќе ги задоволат потребите од граѓаните. Јас можам одговорно да ветам дека нема во наредните четири години граѓаните повторно да се соочуваат со проблемот којшто го имаме денес сите да чекаат со часови по автобуските, да живеат во неизвесност да не знаат дали ќе дојде автобус или пак ако дојде да бидат лоши условите во коишто ќе се возат за да стигнат од точка А до точка Б. Нашиот народ плаќа даноци во Скопје. И на нашиот народ во Скопје мораме да му обезбедиме соодветни услови во однос на користење на услугите на градот Скопје, рече Ѓорѓиевски.

Министерот за транспорт, Александар Николоски истакна дека Ѓорѓиевски во изминатите четири година има реализирано огромни работи во Кисела Вода.

-Се сеќавам дека кампањата кога беше избран Орце Горѓиевски ја почнавме токму од овој плоштад и навистина после четири години општината е целосно променета. Од една општина која заостануваше со развој, сега можеби е најмодерна и најурбана општина во цело Скопје, што само говори што Орце направи во изминатите четири години. Убеден сум дека истото ќе се случи на територијата  на Скопје, а истото мислам дека и новата градоначалничка ќе продолжи со уште позасилено темпо.  Во однос на улица „Есенинова“, мислам дека е добро да ги потсетиме сите дека оваа улица се пробиваше и оваа улица значи поврзување помеѓу општините Кисела Вода и Аеродром, две општини кои граничат а кои немаа никакво поврзување, што многу говори за тоа колку лошо се планирало иако само на другата страна веќе е Општината Аеродром. Сега планираме продолжување на оваа улица, која треба да оди до „Шампионче“ и тука ќе најавам тоа ќе е едно од првите поддршки кои Владата преку Министерството за транспорт ќе ги даде на Градот Скопје, затоа што ова ќе биде градски проект, рече Николоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Орце ЃорѓиевскиСкопје
Next Post
Фото: ЗНАМ

Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

НАЈНОВО

МИА

Меџити го најави капиталниот проект „Чаир без отпад на улиците“, со кој се очекува да се постават подземни контејнери

September 30, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Мадона открива за најболни моменти во својот живот: Поминав низ момент кога размислував да си го одземам животот

September 30, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ: За кажувањата на Филипче имаме само еден коментар – ем шуто ем боде

September 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Стејт департмент: Северна Македонија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе.

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лабудовиќ и Котевски го промовираа проектот „Сјајна Патека“, Водно ќе блеска и по мрак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити го најави капиталниот проект „Чаир без отпад на улиците“, со кој се очекува да се постават подземни контејнери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Просечната плата паѓа трет месец по ред, а Мицкоски ги лаже граѓаните дека сме шампиони во Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Леклер: Отсекогаш сум го сакал Ферари, оттаму ја црпам мојата мотивација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk