ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Шукова од Гази Баба порача: Вардариште од дива депонија ќе стане модерен центар за управување со отпад

October 1, 2025 10:55
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, вчера ја посети општина Гази Баба, каде оствари средба со граѓаните. Разговорите беа насочени кон секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите пред сè, алармантната состојба со дивите депонии, еколошките закани и целосната институционална негрижа.

„Жителите на Гази Баба со години живеат опкружени со ѓубре, неплански депонии и токсични пожари. Тоа не е судбина, тоа е резултат на неспособна и незаинтересирана власт. Вардариште е само најгласниот симбол на оваа четиригодишна рамнодушност на ВМРО-ДПМНЕ кон животната средина и здравјето на граѓаните,“ изјави Шукова.

Веќе четири години, над 150.000 скопјани живеат во сенката на Вардариште што секојдневно загадува, труе и претставува реален ризик по јавното здравје. Наместо решение, граѓаните добиваат молк, занемарување и институционално криење зад политички интереси.

„Ова не е само пропуштена обврска. Ова е криминално запоставување на јавното здравје. Но, решение постои. Не е популизам, туку структуриран план, со експертска поддршка и европски стандарди“, им објасни Шукова на граѓаните, најавувајќи конкретни чекори:

Итно оградување и физичко обезбедување на Вардариште, 24-часовен надзор и пристап само за овластени служби.  Како долгорочни решенија Шукова, најави селекција, преработка и пренос на отпадот до Дрисла, со нула загадување на воздух, почва и подземни води Вардариште е обврска на Град Скопје, објасни Шукова. Според Законот за управување со отпад, локалната самоуправа е должна да обезбеди чистота, третман на отпад, отстранување на депонии и регионална соработка, обврски кои четири години се игнорираат.

Шукова нагласи дека не се работи за политички поени, туку за суштински план како Скопје да стане модерен, зелен град, каде здравјето и квалитетот на живот ќе бидат приоритет, а не колатерална штета на неспособноста.

„Скопје мора да се врати на патот на европските вредности и зелена трансформација. Ова не се ветувања за кампања ова се конкретни решенија подготвени да се спроведат од првиот ден,“ рече Шукова.

Next Post

Одложено судењето за „Онкологија“, одбраната бара Државниот јавен обвинител да го преземе случајот

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk