ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО) Дарио Ивановски триумфираше на Виз Ер Скопскиот маратон – рекордни над 14.000 учесници на скопските улици

October 5, 2025 12:53
in ДЕНЕС, СПОРТ
Фото: Виз Ер Скопскиот маратон

Фото: Виз Ер Скопскиот маратон

Share on FacebookShare on Twitter

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски триумфираше во машка конкуренција на 21. издание на Виз Ер Скопскиот маратон 2025, со што првпат во својата кариера победи во престижната маратонска трка пред домашната публика. Ивановски, кој повеќе пати претходно беше најдобар македонски маратонец во Скопје, годинава во драматичен финиш, помина прв низ целта со време 2:14:50 часа, пред минатогодишниот победник, Кениецот Џулиус Кипкоеч (2:15.20 ч.), додека третото место му припадна на Грузиецот Давити Каразишвили со резултат 2:19:59 ч.

Во женска конкуренција, победничка е Ирине Џеруто од Кенија со време 2:38:31 ч., втора низ целта мина Бугарката Маринела Нинева (2:45:36 ч.), а третопласирана заврши Ана Јусупова од Азербејџан со резултат 2:48:10 часа.

На годинашното 21. издание на Виз Ер Скопскиот маратон учествуваа рекордни над 14.000 натпреварувачи од 58 земји, кои повторно ги исполнија скопските улици и го претворија главниот град во центар на спортот, дружењето и позитивната енергија. Маратонската, полумаратонската и штафетна трка почнаа точно во 08:00 часот пред Собранието на Македонија, а додека учесниците во трката на 5 километри стартуваа 08:05 часот, во близина на Црвениот крст.

На полумаратонската кај мажите најбрз беше Албион Имери од Албанија со време 1:07:57 ч., додека второто и третото место им припадна на македонските натпреварувачи Иван Пешовски (01:11:30 ч.)  и  Александар Арсов (01:12:52 ч.). Во женска конкуренција триумфираше  Греша Бакрачи од Косово (1:20:50 ч), пред нашите натпреварувачки Теа Божиновска (1:21:20 ч.) и Милјана Ристиќ Стојчевска (1:22:13 ч.).

Победник во машка конкренција во најкратката трка на 5 км, беше македонскиот натпреварувач Григоријан Никовски со време 15:53 мин, второто место му припадна на Гилмнан Јунузи (16:41 мин.), а третопласиран заврши Роберто Димитриевски со постигнат резултат од 16:43 мин. Во трката на 5 км кај дамите, прва низ целта мина Ирма Хајдари со време 18:54 мин., а место на пиедесталот имаше и за Дарија Крстевска (20:02 мин.) и Николина Милевска Велјановска (21:19 мин).

Во рамките на ова издание се одржа и Балканско и Национално првенство во маратон, што дополнително ја зголеми важноста и престижот на настанот. Долж целата патека имаше 26 музички точки кои создадоа уникатна атмосфера за тркачите и навивачите, а на секои 850 метри беа поставени освежителни станици со вода, електролити, овошје, маслинки, шеќер и други потребни продукти за тркачите. Голема помош во организацијата на годинешниот маратон пружија и околу 500 пријавени волонтери, кои им поделија 25 тони вода и 2 тони овошје на учесниците.

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон им честитаа на победниците и учесниците, кои оваа година учествуваа на најмасовната спортска манифестација во Македонија, им се заблагодарија на сите волонтери за вложенениот труд и спортскиот дух, кој што секоја година го краси овој настан.

„Ова е голем ден за македонската атлетика. Победата на Дарио Ивановски е резултат на неговата посветеност и дисциплина, но и инспирација за младите тркачи кои сонуваат еден ден да стојат на подиумот на Скопскиот маратон. Благодарност до волонтерите, кои со својот труд придонесоа годинашниот Виз Ер Скопски маратон да биде одлично организиран и да помине во најдобар можен ред“ изјави Кире Синадиновски, спортски директор на Скопскиот маратон.

Годинешното 21. издание Виз Ер Скопски маратон донесе уште едно незаборавно издание кое ја претвори метрополата во вистински спортски центар, обединувајќи ги натпреварувачите, навивачите и граѓаните во единствена маратонска магија низ улиците на Скопје.

Главен покровител на годинашното издание е Министерството за спорт на Република Македонија, а покровител е Канцеларијата на Европската Унија во Скопје.

Сите официјални резултати се достапни на: www.skopskimaraton.com.mk/rezultati2025.

Фото: Виз Ер Скопскиот маратон

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Виз Ер Скопскиот маратон
Next Post

Израелската армија пресретна ракета истрелана од Хитите во Јемен

НАЈНОВО

Силно невреме низ Европа: Прекини на струја, откажани летови и блокади на патишта

October 5, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Лавина однесе тројца хрватски планинари во Јулиските Алпи во Словенија

October 5, 2025

Израел тврди – речиси целиот север на Појасот Газа е испразнет од цивили; според ОН тами сè уште има стотици илјади луѓе

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk