ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Марковски: Отсуството на ТВ дебати е знак на немоќ и недостиг на визија за подобро Скопје

October 8, 2025 11:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
фото: Независни заедно

фото: Независни заедно

Share on FacebookShare on Twitter

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од Независни заедно, професор Горан Марковски, остро реагира на фактот дека и по две недели од кампањата за локалните избори 2025 сè уште нема најава за телевизиски дебати меѓу кандидатите.

„Изминува и втората недела од кампањата за Локалните избори 2025, а сѐ уште нема најава за ниту една дебата помеѓу кандидатите за градоначалник на Скопје. Чиниш се работи за избор на претседател на куќен совет во некоја приградска населба,“ вели Марковски.

Тој додава дека оправдувањата за оваа состојба се различни, „од (пре)голем број пријавени кандидати, наводна (пре)зафатеност на некои од фаворизираните, па се до целосна ,‚незаинтересираност’ на одредени медиуми кои, патем речено, за тоа се обврзани, а и платени“.

„Молчешкум да се влезе во предизборниот молк е неприфатливо“

Марковски оценува дека изостанувањето на дебатите ја поткопува демократијата и ја лишува јавноста од суштинска можност да ги процени кандидатите.
„Убеден сум дека за едно демократско општество, за какво се прокламираме, е неприфатливо молчешкум да се влезе во предизборниот молк. Дебатите на националните фреквенции, за нас независните кандидати претставуваат шанса за рамноправно одмерување на интелектуалните сили, идеите и визиите со останатите кандидати,“ порача Марковски.

Тој посочи дека со укинување на дебатата, „најдемократската алатка во секој изборен процес“, губат сите:
„Губи демократијата, губат медиумите, губат граѓаните, губи општеството. Губи градот, губи државата. Губат сите. Поточно, скоро сите!“

Критика кон медиумското претставување

Во својата изјава Марковски ја нагласува нерамноправната положба на независните кандидати во медиумската кампања:
„Сосема ми е јасно дека е многу полесно и покомотно да се испраќаат ,‚епски’ пораки читани од т.н. идиот, да се одговара на однапред доставени прашања, да се ветуваат брда и долини опкружени со истомисленици… Од оние исти билборди до кои независниот нема ниту законска можност да пристапи, дури и да реши сам да ги плати безобразно скапите тарифи.“

„Скопје има шанса“

И покрај, како што вели, „нефер изборните услови“, Марковски тврди дека тоа го мотивира уште повеќе:
„Ваквите нефер изборни услови за мене се истовремено извор на нова творечка енергија, мотив за зголемена креативност, причина за појака верба во исправноста на започнатата мисија. И што е најважно од сѐ, убеден сум дека тие се поттик за ваша поголема поддршка.“

Тој ја завршува својата порака со силниот слоган: „Предавање нема! Скопје има шанса.“

Ј. Ѓ.

Tags: МарковскиНезависни заеднотв дебати
Next Post

Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk