МИНИСТЕРОТ за здравство Венко Филипче со порака на Фејсбук им посака брзо закрепнување на сите пациенти и истакна дека очекува сè почесто да слушаме позитивни вести, откако вечерва беше објавено дека од корона вирусот се оздравени двајца пациенти од Штип.
ДРЖАВАТА во наредните денови ќе формира фонд за туризам кој ќе работи во рамки на Министерството за економија и ќе има над два милиони евра на располагање за да им излезе во пресрет на угостителите, хотелиерите и туристичките агенции за надминување на проблемите што ги предизвика корона вирусот во овој сектор, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.
ВО организација на Општина Прилеп, во изминатите два дена беше организирана масовна акција за дезинфекција на улиците во сите населби од градот. Истовремено, дезинфицирани беа и повеќе објекти на државни институции, влезови во згради, парковски и сите други јавни површини.
ОДЈАВИТЕ во Агенцијата за вработување не значат престаноци на работниот однос кај лицата. Во споредба со минатата година нема драстични промени во пријавите и одјавите што ги прават работодавачите. Ова вечерва во емисијата Топ тема на ТВ Телма го истакна директорката на АВРСМ Билјана Јовановска прашана за гужвите пред Агенцијата и дали тоа се должи на отуштања на работници.
Во АНОНИМНО видео прикачено на Јутјуб, кое се шири на социјалните мрежи, изнесени се повеќе невистини и манипулации поврзани со корона вирусот. Целото видео е направено во насока на дискредитација на министерот за здравство, Венко Филипче и целата власт, а тоа се прави неосновано и тенденциозно.
СИНОТ на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило Вучиќ, е заразен со корона вирус и заради клиничката слика е хоспитализиран на Инфективната клиника во Белград, јави Танјуг.
КОВИД-19 сѐ уште се шири и убива голем број луѓе низ цела Европа, и засега нема никакви знаци дека е дојден врвот на епидемијата, заклучуваат експертите од Европската агенција за превенција на болестите, пренесуваат британските медиуми.
Од ИЗБОРНИОР штаб на Берни Сандерс денеска изјавија дека сенаторот од Вермонт ја заврши кампањата за претседателска номинација од Демократската партија на изборите годинава во ноември.
МЕНАЏЕРОТ на европскиот и светски клупски шампион Ливерпул – Јирген Клоп, призна за британски „Дејли мејл“ дека не му се допаднал напаѓачот Садио Мане на нивната прва средба пред многу години, кога Сенегалецот беше во Салцбург и Клоп – во Борусија Дортмунд.