Од една од најдобрите серии во последните години, со оригинален наслов Peaky Blinders, кај нас преведена како „Жилетите од Бирмингем“ доби и своја пародија инспирирана од карантинот и самоизолацијата заради пандемијата од Ковид-19.
Авторот на видеото вели дека е изненаден од тоа колку брзо се проширило истото низ интернет просторот, но и најави дека има уште многу комични видеа со извадоци од серијата.
Инаку, неодамна имаше анкета за највпечатливи ликови од серии и филмови, па во конкуренција со Рик од Rick and Morty, првото место му припадна на актерот Килиан Марфи кој маестрално ја игра улогата на Томас Шелби.