ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шест претстави во официјалната програма на 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров”

October 13, 2025 14:18
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Шест детски и младински претстави, од кои пет гостински, ќе бидат изведени во официјалната (натпреварувачка) програма на 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров”, кој ќе се одржува од 15 до 18 октомври 2025 во организација на Театарот за деца и младинци со Совет на фестивалот.

Нив ги избрала селекторката Драгана Милошевски-Попов од над 40 пристигнати апликации. На прес-конференција на ТДМ денеска беше посочено дека под мотото „Сцена за сечиј сон“, фестивалот ќе ја обедини регионалната театарска сцена со претстави што „преку игра, хумор и фантазија го допираат живиот корен на човечкото искуство“.

Во официјалната програма се претставите: „Играј со мене!” на Андреј Бока од Суботица, „Малата Фрида” на Аница Томиќ од Загреб, „Како оздраве штурецот” на Никола Завишиќ од Белград, „Прозорецот” на Давид Зуазола од Темишвар, нашата „Свадби на животни и нешта” на Георги и Раја Господинови во продукција на театарот „Сенки и облаци“ и „Сино” на „Хon Сињор” од Атина со која в сабота ќе биде затворен фестивалот.

Фестивалот ќе биде отворен задутре (15 октомври) со претставата на ТДМ „Франкенштајн” на Кокан Младеновиќ, која е надвор од натпреварувачката програма и ќе биде изведена во чест на гостинските претстави од програмата во наредните денови (16-18 октомври).

-Фестивалот повторно ќе биде град на детската имагинација. Од 40 пристигнати апликации, селекторката Милошевски-Попов направи извонреден избор, истакна на прес-конференцијата в.д. директорката на ТДМ Фросина Карловиц.

Режисерот Игор Ивковиќ, член на Советот на фестивалот, посочи дека шесте претстави избрани за официјалната селекција „се занимаваат со малку поважни, не толку розови светови што сме навикнати да ги гледаме во детско-младинската театарска продукција“.

-Претстави што зборуваат за многу суштински теми со кои се соочуваат денешните млади генерации, нивните љубовни предизвици, нивните анксиозности, нивната отуѓеност во денешното време, рече Ивковиќ.

Поради финансиска неможност, програмата е ограничена на шест претстави иако, како што соопштија организаторите, имало голем интерес и аплицирале повеќе квалитетни претстави.

Катарина Илиевска-Силјановска, член во Советот на фестивалот, кажа дека кон него пристапува многу емотивно затоа што е именуван по Игор Маџиров, како што рече, „нашиот драг и никогаш непрежален колега кој е вечно со нас“.

-Затоа овој фестивал го доживуваме како нешто особено драго, додаде Илиевска-Силјановска.

Сите претстави, освен „Франкејнштан“, ќе се натпреваруваат за Гран-при наградата за режија, две актерски награди, награда за костимографија и за сценографија. За наградите ќе одлучува жири во состав: Игор Третињак од Хрватска и нашите актерки Изабела Новотни и Јулијана Мирчевска, а седумчлено детско жири ќе ја додели наградата за најдобра претстава според младата публика.

Фестивалот ќе има и придружна програма – драмско читање и панел-дискусија „Животот на еден современ македонски драмски текст”, работилница за сценско движење под менторство на српскиот актер и режисер Дамјан Кецојевиќ, и креативната работилница „Како се прави кукла”, водена од Ирина Сомборац. Сите три работилници се наменети за млада публика, ученици и млади креативци.

Претставата „Франкенштајн“ на ТДМ пред неколку дена доби награда од публиката на 65. Интернационален театарски фестивал МЕСС во Сараево, во рамките на програмата „Мали МЕСС“, специјално креирана за тинејџерската публика.

Од ТДМ велат дека „Франкенштајн“  е современа и ритмична адаптација на романот на Мери Шели, „која ја преиспитува границата помеѓу човекот и чудовиштето, и улогата на заедницата во нејзиното поставување, моделирање и управување“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Игор Маџировфестивал на детски театри
Next Post

Нови цени на горивата од полноќ

НАЈНОВО

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk