ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Европската комисија ја прошири програмата „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија

October 13, 2025 14:27
in ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија денеска најави проширување на програмата „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (АИФА) во седум земји членки и шест партнери на ЕУ, меѓу кои и во Северна Македонија.

Во соопштението се посочува дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана најави проширувањето на фабриките за вештачка интелигенција во Северна Македонија и Србија.

– Можам да објавам дека ќе ги отвориме нашите фабрики за вештачка интелигенција за Западниот Балкан. Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион што ќе им овозможи на компаниите во сите шест партнери да се поврзат со овие фабрики, изјави Фон дер Лајен во обраќање на Инвестицискиот форум во Тирана.

Ова, според Фон дер Лајен, ќе значи дека компании од Западниот Балкан ќе можат да пристапат до европската инфраструктура за вештачка интелигенција.

– Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе биде на ваша услуга. Бидејќи сакам иднината на вештачката интелигенција да се создаде во Европа, сакам Западниот Балкан да биде во неговото јадро, рече Фон дер Лајен.

Покрај земјава, програмата АИФА е проширена и во членките на ЕУ – Белгија, Ирска, Кипар, Летонија, Малта, Словачка и Унгарија, како и во Велика Британија, Исланд, Молдавија, Србија и Швајцарија.

– Ова ќе овозможи тесна соработка меѓу фабриките за вештачка интелигенција за да им се обезбеди на националните заедници за вештачка интелигенција безбеден далечински пристап до ресурси за суперкомпјутери од светска класа, оптимизирани за вештачка интелигенција. Целосно интегрирана во екосистемот ЕуроХПЦ, мрежата има за цел да го прошири пристапот до таленти, инфраструктура и иновации за вештачка интелигенција низ цела Европа, се посочува во соопштението на Комисијата,

Во него се додава дека во петокот ЕК соопшти дека кон европската инфраструктура за вештачка интелигенција се приклучиле шест нови фабрики за вештачка интелигенција, со што нивниот вкупен број опфатен со мрежата се искачи 19 во 16 земји членки на ЕУ.

– Ова проширување го поттикнува Акцискиот план за Европа на вештачката интелигенција и ги надополнува инвестициите на ЕУ во идните гигафабрики за вештачка интелигенција, големите објекти посветени на развој и обука на напредни модели на вештачка интелигенција и гранични системи, истовремено усогласувајќи се со Стратегијата за примена на вештачката интелигенција за забрзување на воведувањето на вештачката интелигенција низ целата европска економија и јавниот сектор, се додава во соопштението.

Tags: вештачк интелигенцијаЕУ
Next Post
Фото: МИА

Бојан Јовановски - Боки13, осуден на пет години затвор во повторената постапка за „Меѓународен сојуз“

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk