ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ГОВОР НА ОМРАЗА

По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

October 14, 2025 16:26
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ги осудува навредливите и шовинистички пароли, во овој изборен период, кога политичките тензии и емоциите лесно можат да се прелеат на улиците и социјалните мрежи, особено е важно јавноста и институциите да покажат одговорност.

Пред неколку дена фудбалската репрезентација на Албанија ја совлада Србија на стадионот „Дубочица“ во Лесковац. Овој историски триумф за Албанија предизвика голема прослава меѓу Албанците во Северна Македонија, но и во други делови од светот каде што живее албанско население. Веднаш по победата, улиците на Скопје, Куманово, Тетово и други градови беа преплавени со славенички колони.

Сепак, во Тетово беа забележани и инциденти. Дел од присутните, најверојатно припадници на навивачката група „Балисти“, извикуваа навредливи и шовинистички пароли, меѓу кои и со содржини против Македонците и Србите („македонско девојче – најголемо ку***че“, „каурски пи**и“, „умри Србија“, „УЧК“…). На социјалните мрежи се појавија видеа со вакви скандирања, меѓу кои и повици на етничка омраза.

Во Скопје, полицијата привремено го ограничи движењето во централното градско подрачје, со цел да спречи евентуални инциденти. Ваквата одлука предизвика политички реакции – симпатизери на ДУИ ги обвинија претставниците на ВЛЕН дека, откако се дел од власта, „се гази врз достоинството и слободата на Албанците“.

Патриотско друштво на социјалните мрежи го објави видеото од навредливото скандирање со коментар: „Во Тетово скандираат: „Каурски пи***“, „УЧК“, „Умри Србија“. Дали државата ќе преземе нешто во врска со ваквите тензии како што превзема за кумановскиот инцидент пред некој месец?“.

Покрај многуте коментари со говор на омраза на социјалните мрежи, дел од граѓаните овој случај го искористија за партиска пропаганда.

Еден од тие е кандидатот за градоначалник на Скопје, Зоран Јовановски, познат по своите залагања за поблиски односи со Русија, кој на овие локални избори ќе настапи како независен кандидат, односно како член на ВМРО-ДПМНЕ, кој е само формално правно поддржан од политичката партија Единствена Македонија. Јовановски на социјалната мрежа Х, на која е познат како „СТВАРАЛАЦ начитан Брсјак и бич божји@ZoranJovanoski3“ коментира: „Затоа ние треба да се држиме со Русија… И затоа трба да гласате за мене за градоначалник на Скопје“.

При што профилот Сафра Шпанец го прашува: А што ќе направи Русија?

Јовановски одговара: „Немора ништо да направи. Самите ќе си знаат, и ќе се смират, и нема да мрдаат вака…“.

Исто така на социјалните мрежи се шири една порака (која не е потвдено дали е автентична) во која  пишува дека наводно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им дал насоки на членовите да гласаат за кандидатот за градоначалник на ВЛЕН, Биљал Касами во Тетово. Таа порака се споделува како пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ.

Под објавите се појавија низа коментари со саркастичен тон:

Профилот на Х, Пако коментира: Што би рекле во ДПМНЕ, гласајте за Билал Касами, ќе го финансира Тетекс и „Војводи“.

Ќе гласаат за Касами како ученичиња, ете така дпмне ќе ја оправи државава, коментира Стојкоски.

Ќе преземе вемерето и Мицика така што ќе гласаат за Касами, коментира Терсене.

Не. Избори се, научете се веќе еднаш кога се избори се запира. Неразбрани едни, коментира Фил.

Од ЦИВИЛ додаваат дека говорот на омраза, без разлика од кого доаѓа, не смее да биде средство за политички поени. Демократијата се гради со идеи, дијалог и почит, а не со навреди и поделби. Само со разум и достоинство може да се обезбеди фер изборен процес и општество во кое сите се чувствуваат еднакво и безбедно.

Дехран Муратов во соработка со ТИМОТ НА ЦИВИЛ ЗА МОНИТОРИНГ НА ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (ЦХТМ)

Фото: Скриншот Х на „Патриотско друштво“

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

МЗ: На Радиологија при снимање на МР на пациент кој е на кислородна поддршка се случил технички проблем, тој е во добра здравствена состојба

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk