Новинарот Стефан Фермит од францускиот весник Екип изјави дека постојат „добри знаци“ за задравствената состојба на Михаил Шумахер. Но, овие негови претпоставки не се потврдени.
Како потенцијален добар знак е тоа што Михаел со помош на својата сопруга Корина ја потпишал кацигата за хуманитарна акција. Сепак се наведува дека Шумахер се уште не зборува ниту комуницира.
Неговата здравствена состојба е строго чувана тајна во семејството и само три лица имаат пристап во неговата куќа во Мајорка.
Михаел Шумахер покрај седумте титули светски првак има и 155 подиуми на трките во формула 1.