ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Мерката 14.500 плата ќе ја користат и управителите и сопствениците, а бројот на вработени да се задржи до јули 2020

Измените се во насока на заштита на микро и мали фирми

April 10, 2020 08:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Мерката за поддршка на работодавачите од приватниот сектор за 14.500 денари плата по вработен може да ја користат и управителите и сопственици на бизнисите вработени во истите. Ова го предвидуваат измените на Уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствената економска криза, заради исплата на плати за април и мај, што ги донесе Владата вчера на седница. 

Со Уредбата се прави измена и во делот на периoдот на обврската за задржување на бројот на вработени кои работодавачот треба да ги задржи два месеца по користење на мерката, односно до јули 2020 година. Претходно обврската беше да се задржи бројот на вработени заклучно со септември 2020 година. 

„Флексибилноста, брзата реакција и слухот се клучни во менаџирањето на ваквата кризна состојба. На владина седница донесовме измена на Уредбата. Делуваме во насока на поддршка на стопанството и задржување на секое работно место“, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил најавувајќи ги измените.

Како што појаснува измените се во насока на заштита на микро и мали фирми.

На оваа мерка, како што појаснуваат во соопштението од владината прес-служба по донесување на Уредбата,  компаниите не може да аплицираат единствено за свои вработени за кои се ослободени од плаќање придонеси и персонален данок преку проектите „Македонија вработува” или доколку се одлучат да ја искористат мерката за субвенционирање на 50 отсто од придонесите во вонредна состојба, која е дел од првиот сет на мерки за справување со кризата.

Оваа мерка е дел од вториот пакет економски мерки на Владата за справување со кризата, а предвидува финансиска поддршка на работодавачот – барател за месеците април и мај 2020 година во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник, сразмено на остварените ефективни часови поминати на работа.

За да може работодавчот да ја користи оваа мерка треба да има намалување на приходите најмалаку 30 отсто, да не исплаќаат дивиденди на сопствениците, како и бонуси, годишни награди, награди за деловна успешност и слично на вработените и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот, и просекот на делот на највисоките нето плати на 10 отсто од бројот на вработени да не надминува износ од 120.000 денари месечно по вработен.

Според Владата со мерката се поддржува ликвидноста на работодавачите од приватниот сектор, односно се намалуваат нивните трошоци за плати во функција на заштитата на работните места на работниците во услови на криза.

Финансиската поддршка не се однесува на оние вработени кои за месеците декември 2019 година, јануари и февруари 2020 година примиле нето плата повисока од 39.900 денари.

Работодавачите што ќе добијат финансиска поддршка од оваа мерка имаат обврска истиот број на вработени што го имале во моментот на аплицирање да го задржат заклучно со месец септември 2020 година.

Добиената финансиска поддршка нема да ја враќаат работодавачи што искажале загуба за 2020 година. За останатите враќањето е лимитирано до износ од 50 отсто од добивката пред оданочување зголемена за оданочивите расходи.

Работодавачите можат да поднесат барање за користење на оваа мерка преку системот е-даноци.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk