Пишува: НИКОЛА НАУМОСКИ
Во еден момент од вчерашниот дуел има очигледно договорена заседа во која што водителот има блиц-квиз прашање за Амар кое што не го знае. После водителот се врти кон Орце и овој изразува разочарување од непознавањето на Амар на градските генералии и пука како од пушка: 11 јавни претпријатија, 9 културни институции и 23 средни школи се под Град Скопје. Пун со себе, како да го воспитува детето пред него, нема ни противник што знае дали е точно, ниту пак новинар кој знае.
А всушност, се работи за разговор на двајца аналфабети од градски политики, кои не ги ни знаат основните бројки од википедија лекцијата за Град Скопје. Едниот е градоначалник на скопска општина кој што секојдневно соработува со 7 јавни претпријатија, другиот е бивши советник кој им ги одобрувал буџетите, програмите и извештаите на јавните претпријатија. Згора на тоа, не знае дека секоја од 8-те културни институции е раководена од Левица преку директор или одбори од партијата. Којзнае и колку од одборите и директорите на школите и јавните претпријатија се од Левица….
Нејсе, Амар имаше погодено 1/3 од одговорите, Орце исто така 1/3, но чаталот го направи да победи во дуелот на незналици. Секако тука помага и неупатеноста на водителот. На крајот на краиштата, двајцата требаше да добијат кецови за познавање на материјата.
Во секој случај, им честитам на претстојниот избор на Скопјани. Како луѓе кои што четири години јадеа од манџата што си ја посолија во 2021, гордо ги избраа кандидатите на двете најодговорни партии за сегашната катастрофа во вториот круг. Вас човек не може да ве заебе 😉




