ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Извештај на ЕК: Проширувањето на ЕУ е реална можност во наредните години

November 4, 2025 13:23
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на изминатата година е постигнат значителен напредок во пристапниот процес и со оглед на забрзаното темпо со кои се движат некои кандидати за членство, проширувањето на ЕУ е реална можност во наредните години, се наведува во заклучоците на Пакетот-извештаи за проширувањето на Европската комисија.

– Врз основа на работата завршена во изминатите години, сега е време за конкретни активности на земјите опфатени со процесот на проширувањето и на ЕУ, се вели во пакетот кој ги опфаќа извештаите за напредокот на кандидати за членство на нивниот пат за приближување кон Унијата.

Во заклучоците се потенцира дека билатералните прашања продолжуваат негативно да влијаат врз процесот на пристапување и да ја попречуваат регионалната интеграција на партнерите на ЕУ опфатени со процесот на проширување.

– Рамката за проширување овозможува целокупно политичко опкружување погодно за решавање на нерешените билатерални прашања и за изнаоѓање меѓусебно прифатливи решенија, што Комисијата е подготвена да го олесни, се потенцира во документот.

Во однос на Западниот Балкан се нагласува дека развојот на добрососедските односи и регионалната соработка се суштински елементи на процесите на стабилизација и асоцијација и проширување.

– Регионалната соработка и посветеноста на заедничкиот регионален пазар се исто така неопходни за постепена интеграција. Надминувањето на наследството од минатото и решавањето на споровите што произлегуваат од конфликтите од 90-тите години на 20-от век остануваат клучни. Нерешените билатерални прашања, вклучително и прашањата за сукцесија, се уште треба да се решат, вклучително и граничните прашања и обезбедувањето правда за жртвите на воените злосторства, идентификувањето на преостанатите исчезнати лица и воспоставувањето точна евиденција за минатите злосторства на регионално ниво, се наведува во документот.

Во него се посочува дека ЕУ признава оти помирувањето е сложен процес и за таа цел преку своите различни инструменти и политики останува подготвена да ги поддржи и олесни сите овие напори.

Еврокомисијата повторува дека членството во ЕУ е геостратешка инвестиција во силна, стабилна, безбедна и обединета Европа, заснована на заеднички демократски вредности, инвестирањето во проширувањето е во стратешки безбедносен интерес на Унијата.

– Проширувањето е и ќе остане строг, фер и процес базиран на заслуги, заснован на објективниот напредок постигнат од секоја земја учесничка во проширувањето. Ова бара решителност за спроведување неповратни реформи во сите области на правото на ЕУ, со посебен акцент на основите на процесот на проширување. Демократијата, владеењето на правото и фундаменталните вредности ќе продолжат да бидат камен-темелници на политиката за проширување на ЕУ, се вели во заклучоците.

Во нив се посочува дека земјите кандидати треба да се придржуваат и да ги исполнат неопходните реформи, обезбедувајќи трајна трансформација на нивните економии, демократски системи и општества, што бара од нив да прифатат трансформативни промени, да изградат доверба и да обезбедат меѓуопштествен консензус.

– Членството во ЕУ е стратешки избор. Партнерите мора цврсто и недвосмислено да ги прифатат и промовираат вредностите на ЕУ. Усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ е позначаен сигнал од кога било досега за споделените вредности и стратешката ориентација во новиот геополитички контекст, се додава во документот.

Во заклучоците се порачува и дека земјите опфатени со процесот на проширувањето треба да ги засилат своите напори, особено оние кои поврзани со амбициозни цели за завршување на пристапните преговори.

– ЕУ, од своја страна, ја поддржуваше оваа работа со години, преку различни алатки. Ја ревидираше својата методологија за проширување. Преку постепена интеграција, им нуди на земјите опфатени со проширувањето можност да ја забрзаат и продлабочат својата интеграција во ЕУ, давајќи конкретни резултати за своите граѓани. Разви прилагодена рамка со наменски финансиски инструменти за поддршка на проширувањето, вклучувајќи ги неодамна усвоените планови за раст за Западниот Балкан и за Молдавија и Планот за Украина, со нивните соодветни средства. Ја подобри соработката во безбедноста и одбраната со неколку земји од проширувањето, се потенцира во заклучоците.

Во документот се додава дека ЕУ сега презема мерки за да се подготви за поголема и посилна Унија и за таа цела Комисијата ги подготвува прегледите и реформите на политиките пред проширувањето, кои го проценуваат влијанието на овој процес врз клучните области на политиката.

Во заклучоците се посочува и дека со предложената повеќегодишна буџетска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година ќе се обезбеди потребната финансиска и политичка поддршка за да им се помогне на земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство да напредуваат по патот кон зачленување во Унијата.

Комисијата најавува и зајакната комуникација за проширувањето, со осврти на придобивките од проширената Унија и можностите за решавање на предизвиците, како и за зацврстување на јавната доверба во процесот.

– За да се осигури дека новите земји членки продолжуваат да ги штитат и одржуваат своите резултати во однос на владеењето на правото, демократијата и основните права, Комисијата смета дека идните договори за пристапување треба да содржат посилни заштитни мерки против назадување од обврските преземени за време на преговорите за пристапување, се додава во заклучоците.

Tags: ЕУпроширување
Next Post

Останува да се разгледаат уште седум од пристигнати 25 претставки за непотребно извршени интервенции на срце

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk