Авганистан и Пакистан денеска во Истанбул ќе ги продолжат разговорите, откако претходната рунда разговори не успеа да донесе траен договор за прекин на огнот.
Кабул и Исламабад на 19 октомври потпишаа договор за прекин на огнот по минатомесечниот судир, при што загинаа десетици луѓе. Втората рунда разговори во Истанбул минатата недела заврши без траен договор поради несогласувања околу нападите на милитантните групи врз Пакистан од авганистанска територија.
Пакистанската делегација ќе ја предводи директорот на воена разузнавачка служба, Асим Малик, а авганистанската делегација ќе ја предводи шефот на разузнавањето на талибанците, Абдул Хак Васик.





