(ВИДЕО) Шилегов: Вандализмот мора да престане, запалeн летниковецот во парк шумата Гази Баба. Голема благодарност за брзата реакција на Пожарна Скопје што не се дозволи пожарот да се прошири и направи поголема штета, имајќи ја предвид шумата и дрвјата во непосредна близина на летниковецот, напиша Шилегов.
https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/214973126621762/
Еко Герила: Општина Тетово да ги чисти улиците додека се празни поради полицискиот час. Барањето го темелат на потребата за поголема хигиена. Апелираме Општина Тетово да се мобилизира, искористуваќи го полицискиот час, за миење на валканите и правливите улици во нашиот град. Гледајќи ја виталната важност на хигиената денес, сите треба да бидеме внимателни во одржувањето на чистотата во градот.Затоа, бараме оваа мобилизација од страна на Општината, така што овие денови, кога сообраќајот значително е намален, може да ги исчисти нашите улици во сите делови на градот, се вели во соопштението на Еко Герила.
Трагедија во Прилеп: Маж се самозапалил во својата гаража. Противпожарната единица брзо стигнала на местото на трагедијата со две возила, но како што изјави Методија Николоски, било доцна. Прилепчанецот веќе бил починат. 65-годиниот прилепчанец една година е пензионер, Работел како курир во Прилепскиот основен суд.
Во Гостивар и Демир Капија пронајдени луѓе починати во нивните домови. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од неготинската полиција и лекар од здравствена установа, каде првично бил пријавен случајот.
СДСМ: Задоцнета е лажната грижа на Мицкоски. Христијан Мицкоски продолжува да се однесува несериозно во време на сериозна здравствена и економска криза и наместо конструктивност, тера политиканство и популизам, велат од СДСМ. Владата ги слуша работниците, синдикатите и фирмите и затоа презема мерки кои му служат на стопанството, а не на Мицкоски кој по којзнае кој пат покажа дека не знае економија. Задоцнета е лицемерната грижа на Мицкоски доцни, Владата веќе донесе втор сет економски мерки, а следува и трет, поголем пакет мерки кои ќе опфати уште повеќе компании и работни места.
Домашните фирми донираа 800 илјади евра на наменската сметка на Министерство за здравство. Голема помош за Министерството за здравство пристигна и од голем број странски држави, претставништва, амбасади и организации.
Во Италија повторно зголемен бројот на заразени и починати.