ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Јордановска: Мал дел од јавноста ја сфаќа улогата на новинарите, коментарите се сведуваат на тоа кој утнал буква

ФБ статус на Мери Јордановска, новинарка со долгогодишно искуство

April 11, 2020 22:13
in МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Мислам дека мал дел од јавноста ја сфаќа улогата на новинарите во сиот овој процес. Гледам дека коментарите се сведуваат на тоа кој какво прашање поставил, кој како бил облечен, кој утнал буква во насловот или ненамерно згрешил. Еве малку од другата страна за тоа како живееме ние периодов, напиша новинарката Мери Јордановска на својот Фејсбук профил.

„Редакциите немаат многу вработени, новинарите се веќе вид во изумирање. Работиме најмалку по 10 часа дневно, како сунѓери собираме лоши вести, апсорбираме сè живо… Луѓето нѝ се јавуваат нон-стоп, бараат помош кога не можат да го добијат од институциите, некогаш се губиш и забораваш дали пишуваш текст или само се обидуваш да помогнеш некому. А такви се многу, верувајте, многу повеќе од она што го читате во медиумите.

На памет ги знаеме, број на заболени во светот, тука, насекаде. Сонуваме болници навечер затоа што само за тоа пишуваме. Истовремено мора да внимаваме да не шириме паника, а сепак да ја кажеме вистината.

Новинарите немаат појма кога и дали ќе земат плата воопшто. Дел од нив веќе останаа без работа. Дел од нив беа на терен за време на пандемијата и покрај тоа што 2 месеци немаа плата.

Мојот сопруг речиси секој ден е во Куманово. Се соживеа со сечија судбина таму, со секое семејство каде што има заболени и починати лица. Тоа влијае на психата, не може да си истиот кога ќе се вратиш дома вечерта. Не може да си истиот кога секој ден си на телефон со семејствата на заболените и на починатите.

И да, тоа ни е работа. Тоа сме го избрале и поголем дел од нас работата ја работат со цела душа. Има исклучоци, факт. Но, и против нив се бориме – и против лажните вести и против неетичките и нарачани текстови.

Ова го пишувам со респект кон секоја професија и со целосна почит кон секој што е директно инволвиран во борбата против „невидливиот непријател“. Не бараме орден, ама мислам дека професијата видно е потценета во вакви ситуации.

Затоа, оддавам респект за сите мои колеги кои се држат на ниво на задачата и оние кои во целост се придржуваат до протоколите! И мислам дека засега добро се држиме“, напиша Јордановска.

Next Post

Контраспин: Потценувањето на барањата и заканите на Реџепи може да доведат до поделба во општеството

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk