ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Полицијата со детали: Двајца 18-годишници обвинети за пожарот во зградата на „Вјесник“

November 21, 2025 15:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: Индекс.хр

Фото: Индекс.хр

Share on FacebookShare on Twitter

Загрепската полиција поднесе кривична пријава против двајца тинејџери поради тешко кривично дело против општата безбедност, откако истрагата утврди дека намерно запалиле картонска кутија на 15. кат од напуштената зграда на „Вјесник“, што доведе до голем пожар и материјална штета во висина од повеќе стотици илјади евра.

Полициски службеници од Полициската управа Загреб денеска соопштија дека го завршиле криминалистичкото истражување над двајца 18-годишници, осомничени дека со своите постапки предизвикале сериозен пожар во поранешната медиумска кула на „Вјесник“ на Славонска авенија.

Почетокот: прескокната ограда и искачување на 15. кат

Според наодите, во понеделник околу 21:50 часот, двајцата млади влегле во оградениот круг на поранешното трговско друштво, со тоа што прво ја прескокнале оградата, а потоа – заедно со малолетник – влегле внатре во напуштената зграда. Од таму се искачиле до 15. кат, каде веќе се наоѓале уште двајца малолетници.

Како започнал пожарот

Истрагата покажала дека првоосомничениот со запалка потпалил картонска кутија полна со хартија во ходникот на катот. Потоа, вториот 18-годишник запалил хартија од истата кутија и ја фрлил настрана, што довело до забрзано ширење на огнот во околните простории. Пожарот брзо се проширил, предизвикувајќи голема материјална штета и ангажман на повеќе противпожарни екипи.

Полицијата потврди дека ниту еден од осомничените претходно не бил евидентиран во нивната база.

Приведени и предадени на обвинителството

По завршување на истрагата, двајцата осомничени се предадени на притворски надзорник, а против нив е поднесена кривична пријава до надлежното државно обвинителство.

Еден од уапсените утрово бил спроведен на распит во просториите на Државното обвинителство во Загреб, со лисици на рацете и под полициска придружба. Како што објавуваат хрватските медиуми, станува збор за ученик во средно училиште, од „уредно семејство“, кој никогаш досега немал проблеми со законот.

На распитот, според истите информации, тој ја негирал вината и тврдел дека не учествувал во палењето. Неговиот адвокат Иван Орeшковиќ кусо изјавил дека „нема коментар“.

Другиот 18-годишник сам се пријавил во полиција подоцна во текот на денот.

Next Post
Фото: Скриншот

Ројтерс: САД со ултиматум до Украина – прифати го мировниот план до четврток или запира оружјето

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk