ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата во случајот „Синџир“: Потврден притворот за осомничениот Љупчо Пецов

December 15, 2025 15:56
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино во случајот „Синџир“ и го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор и определување мерка гаранција.

Како што информираат од Апелациониот суд, Кривичниот совет со решение КСЖ-1214/25 од 02.12.2025 година едногласно одлучил да ја одбие жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино и го потврдил решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е одбиен предлогот за укинување мерка притвор и определување мерка за обезбедување присуство на осомничениот – гаранција.

Со тоа, како што појаснуваат од Апелација, во сила останува мерката притвор определена по сите основи од член 165 став 1 точки 1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка, сметано од денот на пронаоѓањето и лишувањето од слобода на осомничениот.

-Понудената гаранција во услови кога мерката притвор е определена и опстојува и по основот од точка 2 од член 165 став 1- „постои основан страв дека ќе ги сокрие фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците вештаците соучесниците или прикривачите“, не е дозволена и како таква законски не била предмет на разгледување и одлучување од страна на советот на овој суд, се наведува во соопштението од Судот.

По завршување на жалбената постапка Решението на Апелациониот суд Скопје (КСЖ-1214/25 од 02.12.2025 година) е доставено до Основниот кривичен суд на 11.12.2025 година на понатамошно постапување.

Од Судот велат дека одлуката со образложението во целост ќе биде достапна на веб страната на судот, согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Овој предмет стана актуелен по истрата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во која е приведен поранешниот државен правобранителот Фехми Стафа за примање поткуп од 50.000 евра.

Како што информира вчера МВР, во периодот од октомври до 13 декември 2025 година осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и со поткуп кон судијата да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.

Next Post

ЕУ воведе нови санкции против Русија и Белорусија

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk