ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Почина четничкиот војвода кој ги криеше тајните за „Сараево сафари“, објави британски Тајмс

December 19, 2025 19:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Клучен сведок во истрагата за наводните платени снајперски „излети“ за време на опсадата на Сараево ненадејно починал, објави британскиот весник The Times, а веста ја пренесе и хрватскиот дневен весник Слободна Далмација, пишува Avaz.ba.

Станува збор за Славко Алексиќ, поранешен водач на српска паравоена формација и самопрогласен четнички војвода, кој починал во Требиње на 69-годишна возраст. Според достапните информации, Алексиќ претходно немал сериозни здравствени проблеми. Неговата смрт се случила во момент кога во Италија е отворена нова истрага за таканаречениот „Сараево сафари“ – обвиненија дека за време на војната во 1990-тите богати странски државјани плаќале за да пукаат врз цивили во опколеното Сараево.

Според The Times, Алексиќ за време на опсадата ја контролирал зоната околу Еврејските гробишта над Сараево, една од најпознатите снајперски позиции од кои градот бил систематски гранатиран и гаѓан. Српскиот адвокат Чедомир Стојковиќ изјавил дека Алексиќ бил исклучително важен сведок затоа што можел да открие кој пукал и кој ја организирал целата мрежа.

Смртта на Алексиќ следи кратко по отворањето на истрага во Милано, насочена кон можни воени злосторства поврзани со т.н. „човечки сафари“. Овие наводи се појавија и во документарниот филм „Sarajevo Safari“ од 2022 година, на словенечкиот режисер Миран Зупанич, во кој се тврди дека странски „туристи“ од Русија, Канада и САД за време на викендите доаѓале на околните ридови за да пукаат врз цивили, со посебни тарифи за гаѓање деца.

Адвокатот Стојковиќ изнесе сомневање дека смртта на Алексиќ може да биде поврзана со тековната истрага, нагласувајќи дека станува збор за негови лични тврдења. Тој изјави дека, според него, постои разумна основа за сомнеж во можна вмешаност на српските безбедносни структури.

Кон крајот на ноември, Алексиќ дал интервју за српска телевизија во кое тврдел дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, немал никаква поврзаност со снајперските дејства за време на опсадата на Сараево, демантирајќи ги претходните јавни обвинувања на таа тема.

Истрагата во Италија е покрената по кривична пријава поднесена од италијанскиот новинар и писател Ецио Гавацени, кој тврди дека посетителите плаќале од 70.000 до 88.000 фунти за пристап до снајперски позиции за време на војната. Преживеаните од Сараево изразуваат надеж дека истрагата ќе доведе до целосно расветлување на една од најмрачните епизоди од војната во Босна и Херцеговина и до најстроги казни доколку наводите се потврдат.

Ј. Ѓ.

Tags: Сараево сафариСлавко Алексиќ
Next Post

Викенд хороскоп со Анаис – 20 и 21 декември

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk