ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Украсениот Арбат како подигнување на предновогодишното расположение

December 29, 2025 13:33
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Како е украсен московскиот Арбат? Ова беше единствената веста на главната најава за првиот, понеделнички преглед на вести на Телма, емитувани во 8 часот. Треба да се каже дека во поново време оваа ТВ куќа ги засили своите амбиции во емитување на политичките нус- производи и тоа е секако за поздравување.  Наутро постојат три обемни прегледи на вести од дома и странство и тоа во 8, во 10 и 12,30 часот. И пак да се вратиме во главната најава за вестите во 8 часот – како е убаво украсена Москва во овие предновогодишни денови.

Мислев дека во контекст на сликите од улицата Арбат постои некаква иронија или просто споредба со она што се случува надвор од главниот град, поблиску до фронтот, сместена е некаква паралела со она што се случува во градовите на Украина што се под засилен оган на руската артилерија, особено по одбивањето на Путин да направи макар и симболичен прекин на огнот (во Украина се слави Божиќ по грегоријанскиот календар). Да споменеме дека и во крвавата Прва светска војна на Божиќ 1914 година војниците од двете страна на западниот фронт (Англичаните и Французите од една страна и Германците од друга страна) накратко го прекинале огнот и се ракувале и си го честитале празникот.

Дури импровизирале и фудбалски мечеви.

Добро, Путин и при интензивните мировни преговори сака да остави впечаток на супериорност и да речеме – рамнодушност дали ќе дојде до мир. Особено за тоа има и потреби да го импресионира својот народ. И гледаме сега и сами како – нуди украсени елки на улиците на Москва, полни тезги со портокали, што од време на социјализмот е врвен израз на потрошувачкиот „луксуз“. Знаеме дека луѓето, особено оние од Сибир, патувале по стотина километри ако случајно им ветувале дека ќе можат да купат по килограм од овие јужни овошја. Сега москвичите се мерат на вага пред тезгите и таа им кажува по колку парчиња на портокали можеле да добијат!

Одлично, тоа е голем на предок за стандардот на обичниот човек таму, но што тоа ни кажува нам, особено зошто тоа е вест во најава и со централно место во овие вести? Па и нам треба да ни биде упатена слична порака – во Русија е се во ред, ние си имаме проблем што сме од другата страна, онаа на вистината и реалните дострели на руската инвазија која трае од 2014 година – цели 11 години веќе. Путин, тоа го нема во прилогот секако, одбила да го прекине огнот и да се спроведе референдум дали населението во окупираните подрачја сакаат да живеат во старата држава – Украина или да се согласат да добијат трајни руски пасоши?

Колку и да е тој предлог во основа на страната на окупаторот, бидејќи таму населението е главно раселено и подложено на русификација, Путин и тоа го одбива: зошто да ризикува? Нему и онака не му е битно расположението на плебсот…

Да, секако дека вестите за преговорите околу руската агресија и потенцијалниот мир, што викендов се одвиваа во Белата куќа, каде допатува украинскиот претседател Зеленски се за ударните вести ама зошто сега ние како гледачи треба да добиеме утринско „предјадење“ во форма на наводното луксузирање на жителите на главниот град на окупаторот, каде инаку, во реалноста, патниците кои се упатуваат кон било кој од трите московски аеродроми и во овие часови мораат да доживеат  сирени на возбудување, одложување на летовите, по 300 на ден, па и сокривање во простории за таква намена. Не, секако, во ваквите пропагандни прилози постои сосема спротивна интенција.

Од каде таа интенција „долетала“ во нашите домови преку Телма. Не сме секако наивни. Некаде, веројатно надвор од нашите граници, некои деловни луѓе отвораат во тие моменти шише со вотка и наздравуваат за соработка во 2026 година. Тој мотив веројатно може да се протне токму во оваа ТВ куќа! Ако е таа цената на прилогот треба ли да имаме разбирање?!

Патем мојот кус и брз преглед на вестите на другите ТВ станици присутни во нашиот етер рано утринава, како главна вест ги содржеше сликите на дечињата Палестинци  кон трчаат кон места каде паѓаат скромен број на падобрани  што треба да донесат по некој мизерен оброк за тој напатен народ. Во исто време нивните родители се обидуваат да најдат ново место за прокиснатите шатори или да ги погребуваат бебињата кои умираат од хипотермија… Ја имаше оваа вест во тој утрински колаж на настани на Телма ама беше ставена сосема на крајот на получасовното траење. Да не ни ја расипе сликата за украсениот Арбат.

(Во вестите имаше сосема други прилози кои заслужуваа главна најава – разговор со професорот Узунов за сиромаштијата во земјава според Џини методот, да речеме или за пропаста на сточарството во Македонија што предизвикува вистинска криза во снабдувањето со млеко а особено со млечни производи ама тие се турнати од „излогот“) .


Специјално за ЦивилМедиа. Текстот е личен став на Авторот. 
Next Post

Герасимовски: Започна големата целодневна предновогодишна забава во Центар

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk