ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Расчистено убиството во Старата скопска чаршија, осомничениот уапсен во Косово

January 2, 2026 13:16
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е целосно расчистено убиството што се случи за време на новогодишната ноќ пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при што со остар предмет беше лишен од живот 22-годишниот А.М.Д. од Република Турција, а 23-годишниот Ч.Е., исто така од Турција, беше повреден.

Како што информираат од МВР, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Одделението за крвни деликти при СВР Скопје, по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, презеле повеќе дејствија за обезбедување докази, со што настанот е целосно расчистен.

Врз основа на обезбедените докази, МВР денеска поднесе кривична пријава против М.Т. (25) од Република Турција, со престојувалиште во Тетово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело убиство од член 123 од Кривичниот законик, како и убиство во обид, согласно член 123 во врска со член 19 од истиот закон.

Во рамки на истрагата, по наредба на јавен обвинител била извршена обдукција на починатиот, биле подигнати траги за вештачење, биле извршени разговори со повеќе лица, а биле обезбедени и снимки од видео надзор, преку кои е извршена идентификација на осомничениот.

Едно лице убиено, друго повредено во тепачка во Старата скопска чаршија

Според МВР, осомничениот М.Т. на критичната ноќ во кафе бар во чаршијата започнал расправија со оштетените А.М.Д. и Ч.Е., по што тие заедно со други лица се упатиле кон плоштадот. Бидејќи не успеале да најдат такси, повторно се вратиле кон чаршијата и поминале во близина на истиот угостителски објект, каде дошло до повторна средба со осомничениот.

При продолжување на расправијата, М.Т. извадил нож и на А.М.Д. му нанел четири убодни рани во пределот на градниот кош и срцето, од кои оштетениот починал на лице место. Со еден убод му нанел телесна повреда – убодна рана во грбот и на Ч.Е., со намера и него да го лиши од живот, по што побегнал од местото на настанот.

По преземени оперативно-тактички мерки, органите на прогонот дошле до сознанија дека осомничениот се наоѓа во Косово, каде што е лишен од слобода од страна на косовските органи.

Tags: стара скопска чаршијаубиство
Next Post
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Новата градинка во Кочани ќе додаде квалитет во животот на граѓаните

Најново

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

April 21, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

Почина новинарката Гордана Дувњак

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk