Илон Маск јавно му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро се наоѓа „на бродот USS Iwo Jima“, што беше протолкувано како најава за негово приведување.
„Честитки, претседателе Трамп! Ова е победа за светот и јасна порака до злите диктатори насекаде“, напиша Маск во објава на платформата X, споделувајќи ја објавата на Трамп.
Congratulations, President Trump!
This is a win for the world and a clear message to evil dictators everywhere. https://t.co/GRI0XOxQFU
— Elon Musk (@elonmusk) January 3, 2026
На истата платформа, профилот на Доналд Трамп објави фотографија со натпис „Nicolas Maduro on board the USS Iwo Jima“, а идентична формулација беше споделена и преку официјалниот профил на Белата куќа.
Претходно американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави го заробиле венецуелскиот претседател Николас Мадуро и дека тој се извлекува од земјата.
Трамп тврди дека САД го заробиле Мадуро и го извлекуваат од Венецуела по голема воена операција
Венецуелската влада ги обвини САД за воени напади врз главниот град Каракас и други делови од земјата, откако беа пријавени силни експлозии во воена база во градот и на други локации.
Утрово снимки и фотографии што кружат на социјалните мрежи прикажуваат густ чад и пожари над делови од Каракас, додека очевидци сведочат за силни експлозии кои ја потресле венецуелската престолнина. Според извештаите, повеќе населби останале без електрична енергија по серија детонации на различни локации во градот.
„USS Iwo Jima“ (LHD-7) е десантно-јуришен брод од класата „Васп“ на морнарицата на Соединетите Американски Држави. Бродот е именуван по Битката кај Иво Џима во Втората светска војна. Бродот е пуштен во употреба во 2001 година и е во употреба.
Редакција Фронтлајн








































































































