Церемонијата на 83-тите Златен Глобус 2026 се одржа синоќа во The Beverly Hilton во Калифорнија, со водителка Ники Глејзер на чело на шоуто, кое го прослави најдоброто од филмот и телевизијата за 2025 година.
Покрај победниците и презентерите, на црвениот тепих и во салата беа забележани големи имиња како: Џорџ Клуни, Џулија Робертс, Џенифер Лоренс Тимоти Шаламе и Кајли Џенер, Ема Стоун, Аиме Лу Вуд и Риа Синхорн, уште еднаш потврдувајќи ја привлечноста на настанот како едно од најважните шоу-вечери во филмската и ТВ индустрија.
Фото: Golden Globes 2026 Фејсбук
Главниот триумф оваа година го имаше филмот One Battle After Another, кој освои најмногу награди во филмската категорија, вклучувајќи Најдобар филм – Музичка или комедија, најдобар режисер и најдобар сценарио.















